На 27ми јули 2012та беа отворени 30тите по ред Олимписки Игри, точно 100 години по последниот ден на првите ОИ одржани во Стокхолм 1912тата. Датумот е точно два дена порано од отварањето на ОИ во Лондон во 1948та. Првиот настан за поддршка на овогодинешните ОИ беше Лондонската Парада на 1 јануари 2012та. Казните за влегување без билет, недозволена реклама, дури и за голотија на оние кои што се расоблекле од забава/горештини се движат и до £20,000. Оваа Олимпијада е првата во која што секоја земја учесник има спортист од женски пол. На церемонијата за отварањето, режирана од Дени Бојл, беше нагласено дека Британија е земјата која што е дом на современиот спорт. Бидејќи седиштето на Интернационалниот Олимписки Комитет е во Швајцарија, со официјален јазик француски, отварањето беше на англиски и француски јазик. 7,500 волонтери учествувале во парадата, за кое што на две тајни локации имале околу 284 приватни лекции. 89 животни беа искористени за истото, внимателно чувани од 34 луѓе. Кози, овци, крави, кучиња, гуски, кокошки, шатки и коњи земаа учество во отварањето на ОИ. 170 деца волонтери од 25 училишта учествуваа заедно со претставниците на Националниот сервис за здравство. За настанов искористиле повеќе од 500 звучници и 50 тони аудио опрема. Патувањето на факелот има корени во контроверзната Олимпијада одржана во Берлин во 1936 година. Карл Дием, главниот организатор на Олимписките игри, го замисли трчањето со факелот како пропагандна алатка на Национал социјалистичка партија, со цел да се покаже наводната супериорност на Ариевската раса. Факелот помина низ Грција, Бугарија, Југославија, Унгарија, Австрија и Чехословачка. Патувањето на факелот има корени во контроверзната Олимпијада одржана во Берлин во 1936 година. Карл Дием, главниот организатор на Олимписките игри, го замисли трчањето со факелот како пропагандна алатка на Национал социјалистичка партија. Откако беше допрен од Кралицата на Петок 13ти, на денот на отварање факелот беше внесен од усшешниот Британски Олимпиец, Сер Стив Редгрејв, кој што го подал на седум младинци. Се појавија и Џејмс Бонд и Мистер Бин. Само еден Олимписки медалист е Нобеловец истовремено, англискиот Барон Филип Ноел – Бејкер во Антверпен 1920тата добил сребро во трката на 1500 метри, а во 1959 добил Нобелова награда за неговата посветеност и работа за превенција од војни.
Лондон е првиот град домаќин со три Олимпијади. Атина би го делела приматот, но игрите одржани 1902ра таму не се сметаат како официјален настан. Велика Британија на претходната домаќинска Олимпијада во 1948та (прва по смртта на Баронот Пјер де Кубертен, основач на модерното Олимпиското движење) освоила 3 златни, 20 други медали и била 12та по ред. Годинава, над 10,000 спортисти ќе претставуваат 204 нации (годинава има четири независни олимписки спортисти – професионалци кои што не се во можност официјално да претставуваат одредена земја – еден од Јужна Кореја и тројца од Поранешните Холандски Антили) во 302 натпреварувања. Еднооките маскоти Венлок и Мандевил се спомен на местата каде што кон крајот на 19 век локалното население се натпреварувало во традиционални селски спортови, па така истите места ги сметаат за први корени на современите олимписки и параолимписки игри. Триесетите по ред започнаа на 27ми јули и траеја 16 дена, колку што се краците на Ѕвездата од Кутлеш, до 12ти август. Пред осум години домаќин беше нашиот јужен сосед, отварањето беше на петок 13ти.