Животот на Земјата најверојатно го поттикнале кометите, кои донеле есенцијални состојки за нашето постоење. Стручни лица од НАСА симулираа удар на комета во нашата планета и тврдат дека аминокиселините се темел на нашиот живот на Земјата. До тој заклучок дошле откако констатирале дека тие може да преживеат интензивна жештина и бранови од удар по паѓањето на тело од гас и лед низ атмосферата.
Kомбинацијата од вода, енергија и од аминокиселини, кои со сврзувањето сочинуваат протеини, довело до прва реакција и до настанување протеини, тврдат научниците.
Тие потенцираат дека неколкуте астероиди, комети и метеори, кои во серија пристигале на Земјата во делот на долг временски период, најверојатно носеле важни состојки за нашето постоење.
извор: ДНЕВНИК