.
Стигна во некое место и преноќева таму, зашто сонцето веќе беше зајдено. Зеде еден камен од местото, го стави под главата и легна на тоа место.
И виде сон: скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Божји ангели се искачуваа и слегуваа по неа.
Покрај нив е Господ и му зборува: „Јас Сум Господ, Бог на твојот прататко Авраам и Бог Исаков. Земјата на која лежиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство.
Твои потомци ќе има како и прав на земјата; ќе се раширите на запад, исток, север и југ; преку тебе и преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата.
И ете, Јас Сум со тебе; ќе те чувам каде и да тргнеш, па ќе те доведам назад во оваа земја; и нема да те оставам додека не го извршам она што ти го ветив.”
Јаков се разбуди од сонот и рече: „Навистина Господ се наоѓа на ова место, но јас не знаев!”
Се уплаши и рече: „Колку е страшно ова место! Не е друго освен дом Божји, ова е врата небеска!”
Рано наутро, Јаков го зеде каменот, што го беше ставил под главата, го исправи како столб и излеа масло врз неговиот врв.
Тоа место го нарече Ветил, додека името на градот, пред тоа, беше Луз.
Тогаш направи завет: „Ако Бог остане со мене и ме запази на патов, по кој одам; и ми даде леб да јадам и облека да се облекувам,
така што да се вратам здрав во татковиот дом, Господ ќе биде мој Бог.
А каменов што го исправив како столб, ќе биде Божји Дом. А од сè што ќе ми даваш, за Тебе ќе одвојувам десеток.”
БИТИЕ 24 11:22
Во близина на Македонскиот град Свети Николе се наоѓа тумула со импресивни димензии 85x45m, ориентирана во линија Север – Југ, на која што е запишан огромен ГЕОГЛИФ – елипса налик на космичко јајце со некаков си симбол во неа, пронајден како нејасен знак од Линеарното Б писмо, кој што се чита и како запис од писмото од средниот текст на Каменот од Розета. По сè изгледа дека станува збор за револуционерно откритите на широк спектар од импликации кое што силно ќе ги потресе темелите на антиката и теологијата, а со самото тоа и разбирањето на редот на вредностите во друштвото како целина. Преку преглед на сакралниот симболизам, древните мудрости, народните обичаи и исконската теологија, кои што биле познавани и од големите мајстори на животот – градителите на оваа тумба, се обидовме да го утврдиме симболичкото и метафизичкото значење на овој прастар и пресвет обреден рид, т.е.ја дефиниравме херметички напишаната порака за човештвото, запишана на истата таа тумба со некаква елипса со стрелка и линии внатре. Самото битисување на древните допира и до нас, преку извори за кои што сепак не е време да се пишува, и е нешто непознато за материјалистичкиот начин на размислување и линеарното сфаќање на односот помеѓу човекот и природата, односно Вселената. Древните јунаци, славните предци и духовни водачи биле на сосема различна фрекфенција од денешното материјалистичко поимање на нештата, па за да можеме да ги одгатнеме пораките оставени од дамнешните генерации, мораме да го знаеме начинот на кој што ги формирале своите увиди во природата на стварноста, односно во самиот табиет на сè општото и сè присутно, целовито постоење. Тоа секако не е материјализамот кој што сепак претставува опасно духовно застранување.
Ова писание, симбол запишан на тумбата, се наоѓа под прав агол во однос на небесниот и земен екватор, а правиот агол е агол на кралевите. Преку Македонската транскрипција на средниот текст на Каменот од Розета, се чита На А Воо Ѕе – На Првата (Врховна, Мајкa) од ПрвоРодениот Син. При дешифрирањето, утврдена е и ЅееА, Белата Зора. Имале две Врховни Мајки, Небесна и Земна. Ѕе е младото Сонце, ПрвоРодениот Син. Го симболизирал Животот, токму како Сонцето. Ка е змеј, бог на здравјето, брат на Ѕе, заштитник на оние од Горна Земја. Ден денес, кога се поздравуваме со здраво живо и обратно, ги повикуваме Ѕе и Ка.
Таканареченото современо, научно спознавање и толкување на митологијата на старите цивилизации како намерно да го одвлекува вниманието пишувајќи го како зевс, зеус, ѕеус. Веројатно поради некакво сеуште неразјаснето редефинирање на начинот на кој што ги пресметуваме времето и просторот. Бидејќи Е спираловидно, а не линеарно, Ѕе у сè едноставно ни го враќа споменот за нешто од пред многу време, ЅЕ=ПрвоРодениот, Пророк, ОнојКојШтоГледаСè, ГолемотоОко.
Буквата Ѕ денес ја има само кај нас, чиста реминисценција на ЅЕЛО од глаголицата – значи сепак Е циклично, а не праволиниски.
Ако погледнеме на небото, можеме да ја спознаеме јасната слика, огледана од земјата – соѕвездието Касиопеја и нејзиното вртење околу Северница се поврзани со нашето ридче со елипса и стрелка на него. На Север од овде е Кокино, а на југ – Алшар. Македонците од Алшар ваделе минерал посјаен од златото. Лорандитот сеуште го има длабоко во Мајката Земја. Од Кокино го набљудувале Таткото Небо. Соѕвездието кое што секој ден врти полн круг околу Поларис, највисоката точка на небото, се мести под прав агол со Северница на едно од изгрејсонцата кога почнува астролошкото владеење на Лавот. Александар Македонски починал на 11 јуни 323 пне, а бил роден 356 пне, во истиот период кога во 2012та на небото се случува огледална слика на нашиот геоглиф.
Портата на Лавот, денот кога е роден Светиот Цар Александар е денот кога соѕвездието наречено Небесна Кралица со име Касиопеја – според некоја си митска етиопска кралица (имале титули Македа, митовите се пре/на/до пишани) стои под прав агол точно на изревањето на Сонцето – 21 јули 2012та. (www.stellarium.org). Помеѓу датумите на смрт и раѓање на Александар има 40 дена. Откако умрела Семела, Земјата, толку време поминал Дионис скриен во татковото бедро. Бедрото каде што бил зашиен за одново да биде роден има големо сексуално значење и улога на матка. Следејќи ги иницијациските ритуали, оној кој ќе стане Господар на древните мистерии го добива своето второ дозревање. Бедрото директно се поврзува и со симболизмот на пештерата или шупливото дрво, однадвор гледано се смета за столб, истовремено симбол на издигнувањето и силата.
Бидејќи Оската поминува низ Папокот, во различни димензии. Поставеноста на форма на небото под прав, кралски агол со најсеверната точка на истото е егзактна астротеолошка алегорија на воскреснување на Непобедливиот Крал Сонце од подземниот свет на мртвите. Низ Портата поминува истиот крунисан лав од древните Македонски грбови.
Откако се скрил околу Ѓурѓовден за да се видат Плејадите, самодивите со расплетени коси, косоплеји, небесниот џин Орион (именуван и како КандаОн – пеонски бог на војната) се појавува на сводот во истиот период кога над тумбата се мести исправено Касиопеја.
Давидов псалм.
Господова е земјата и сè што е на неа, светот и сите кои живеат во него.
Зашто Тој го основа над морињата и го зацврсти над реките.
Кој ќе се искачи на Господовата Гора, кој ќе застане на Неговото свето место?
Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не и ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно.
Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител.
Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.
Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој!
Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата – Тој е Цар на Славата!
ПСАЛМ 24
Формата која што ја дава линијата кога би се поврзали нејзините ѕвезди ја симболизира и водата, за истото и подземниот извор ќе го прашате Свети Никола – оти тој ги има клучевите, а со своето вртење во поставеност M до W преку страничните форми си завзема позиција соодветна на секое годишно време. Сè нè упатува дека ова место симболизира свето место, точката каде што е потпрена оската на светот Аxis Mundi која оди од земното светло на Белата Зора до градите на Касиопеја (ѕвездата Schedir, од арапски Al Scadr и хебрејски Schedir = ослободен.) Случајно или намерно, Бог знае.
И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книжен свиток, напишан одвнатре и однадвор, запечатен со седум печати.
И видов силен ангел како објавува со голем глас: „Кој е достоен да го отвори свитокот и да ги скрши неговите печати?”
И никој ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, не можеше да го отвори книжниот свиток, ниту да погледне во него.
А јас плачев многу, зашто не се најде никој достоен да го отвори и да го прочита свитокот, ниту да погледне во него.
И еден од старешините ми рече: „Не плачи, ете, победи Лавот од Јудиното племе, Давидовиот корен, па може да го отвори свитокот и да ги одврзе неговите седум печати.
Видов, и ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините: Јагне, што стои како заклано, со седум рогови и седум очи; тоа се седумте Божји Духови, пратени по целата земја.
ОТКРОВЕНИЕ 5 1:6
Преку конечното до бесконечното, оти како е горе така е и долу – и обратно, истото важи и за огледалото внатре-надвор, и за активната страна на бесконечноста…низ сите тие спирали спомени за најголемиот цар на сите времиња, за чие што погребно место бедно фантазираме додека не ја знаеме ни вистинската локација на неговото раѓање. Среќен РоденДен, Царе!