Овче Поле

Господ, торбата полна земја и Овче Поле

КАКО НАСТАНАЛ ЛИКОТ НА ЗЕМЈАТА

Како и кај многу други народи, така и кај македонскиот народ се верува дека Земјата е бескрајна. Земјата најчесто се замислува како бескрајна рамна плоча која плива во вода, или пак стои потпрена на дирек во една или потпрена на роговите на еден или повеќе волови, во друга верзија. Единствено во селото Ораше го регистриравме издвоеното мислење дека Земјата сепак има крај кој се замислува како голема и вечно темна пустина каде што живеат диви луѓе.

Alex_Grey-Adam_and_Eve

Според народното предание, кога настанала Земјата го немала денешниот лик. За настанокот на планините, долините, реките, морињата и езерата, забележавме неколку интересни преданија.

Во селото Кумарино се раскажува:

Порано Господ одел со торба полна со земја и камења. Каде ќе фрлел од торбата само земја, ќе станело рамница како Овче Поле, а каде ќе фрлел камења ќе станеле ридови и планини. Напати, торбата ќе се истурела и таму настанувале измешани ридови и долини.

Alex_Grey-Wonder

од Небото над Македонија, Ѓоре Ценев

Етноастрономија / Земја

Младински Културен Центар 2004

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.