Вселенското дрво или дрвото на светот претставува архаична и типолошка претстава, која се среќава во сите традиции. Тоа е израз на вечниот растителен свет, кој благодарение на сезонскиот циклус периодично се обновува.
Крстот не се разбира како орудие за мачење и казнување, туку како дрво на животот.
Вселенското дрво се појавува и во народната умотворба, кај везовите, на килимите и во дрворезбата.
Од сад, обично вазна, се извишува стебло во облик на растение, на кое на секоја страна се појавува по една птица.
Најчесто тоа се гулаб и паун.
Гулабот е благоста, љубовта и помирувањето.
Паунот е сонцето, светлината, радоста на животот.