Македонско „национално-сепаратистичко” културно-литературно и ослободително движење сред младата македонска интелигенција и емиграција во Бугарија што се појави како тенденција кон крајот на 80-тите и се изрази во почетокот на 90-тите години на XIXв., именувано по насловот на сп. „Лоза” (1892), орган на Младата македонска книжовна дружина во Софија.
Поради сепаратистичките идеи и активности, тоа беше јавно напаѓано и брутално прогонувано од властите и прерасна во други идејни и револуционерни форми, станувајќи основа, меѓу другото, и за формирањето на Македонската социјалистичка група и на Македонската револуционерна организација (1893).
- 120г
- ЛОЗА, 1984г.
- Лозарско Движење
- Митрополитот Теодосиј
- Писмо од Баронот Александров
- Програмски Принципи
“iиедно национално сепаратистично движеiне со цел’а да се оддел’ат интересите на Македонците од бугарцките со возведуаiин’е на iиедно од Mакедонцките наречиа на степен на литературен iазик за сите Mакедонци. Орган на тоа сепаратистско движеiн’е беше журналот ,ЛОЗА’. Tоа дуовно движеiн’е на Mакедонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител’ство, коiе забрани да се издаат и зафати да гонит Македонците сепаратисти”