Науката потврдува дека кога се раѓаме, во нас има само два страва: страв од силен звук и страв од паѓање (од висина). Ниту еден човек на светот не се родил со трет страв. Овие два страва се природна заштита вградена во човековиот ум. Сето останато од што се плаши човекот е стекнато со развој на личноста и е запишано во мозокот, на лентата на меморија, со верба во тоа. Во зависност од интензитетот и неговата различност, секој човек стравот го доживува индивидуално. Ако кај еден човек нешто предизвикува страв, друг воопшто и не го забележува тоа. Секој запис на страв најпрво ни е наметнат од нашето опкружување, уште од раѓањето, за што се најзаслужни и нашите најблиски, првенствено родителите и потесното семејство, а потоа пријателите и непријателите. Целата околина, свесно или несвесно, постојано дејствува да нè репрограмира и стави под контрола. И, ако се прашуваме колку таа успеала во својата цел, одговорот ќе зависи од она во што сме поверувале.
Секој страв носи последици сè додека не се надмине.
Многу е природно тоа што сите ние се плашиме.
Стравот има огромна моќ над емоциите. Кога се појавува, се формира слика во согласност со него…
– од Најголемата вистинска тајна на светот, Ниче Димовски