Лоза

Тие таинствени циклуси!


Како што укажуваат  учењата на теозофијата и агни јогата, идната апокалипса нема да биде прва на нашата  планета. На Земјата периодично се случуваат глобални природни катастрофи! Ова мислење  на авторите на теозофијата и на агни јогата целосно се совпаѓа со тврдењата на древните  извори од целиот свет, почнувајќи од Махабхарата до Попол Вух, во претставите на  Маите и на другите народи од Средна Америка. Меѓутоа, за разлика од древните пророштва,  кои како по правило се оскудни и изразени со симболи, учењата на агни јогата за  периодите на глобалните промени на планетава се сосема конкретни и аргументирани.
Се  поставува прашањето: „Кои се причините за периодичните природни потреси од  апокалиптични размери?“
Причините  се следниве:
Како  прво – цикличноста на процесот на еволуцијата, како во космосот, така и на Земјата,  и периодичноста во смената на еден временски развоен циклус со друг.
Како  второ – причината за глобалните катаклизми е во дејството на таквиот космички закон,  во чие постоење, современата наука едноставно не верува.
Овој  закон се нарекува законот на кармата!
Кармата  ја има не само секој човек или секое живо суштество што постои на Земјата, туку  кармата ја има и самата планета и секоја цивилизација (или, зборувајќи со јазикот  на езотеријата, раса). И оваа карма задолжително треба да се исполни во текот на  животот. Само таквите како Остап Бендера – еден од големиот број современи врачови,  бајачи, маѓосници – им предлагаат на своите клиенти да ја „пречистат“  или да ја „прекоригираат“ нивната карма. Во реалноста, кармата е најважниот  фактор во животот и во развитокот на целиот жив свет (почнувајќи од тревката, па  сé до некоја ѕвезда или палента). И никој не може вистински да го промени законот  на кармата, дури ни најсовршеното суштество од космосот. Ова најсовршено космичко  суштество може само делумно да ја олесни кармата на некое друго суштество и толку!
Всушност,  овој невидлив закон на кармата, со своето дејство, одвреме-навреме, е способен да  предизвика на планетава огромни, разурнувачки катаклизми, чудовишни според нивната  силина!
Со  што се изразува вкупното дејство на овие закони?
Законот  за цикличноста на еволуцијата се изразува со доаѓањето на посебни космопланетарни  рокови или периоди, кога во космосот се случуваат некои астрономски настани, кои  ги провоцираат силните природни промени на нашата планета.
Законот  за кармата се изразува во поместувањето на аголот на накосеноста на Земјината оска,  кој ги предизвикува планетарните катаклизми.
Западните  претставници на науката од времето на Блаватскаја не му веруваа многу на тврдењето  на езотеричната филозофија, според кое е нагласено дека глобалните катаклизми на  планетава ги провоцира поместувањето на аголот на накосеноста на Земјината оска  (а камоли да зборуваме за тоа дека таквото поместување е резултат на законот на  кармата). Како што забележала Блаватскаја: „Науката го признава своето незнаење  во врска со причината која ги предизвикува климатските промени, а исто така, и промените  на аголот на оската, кои секогаш се придружени со катаклизми. Во реалноста, науката,  по сé изгледа, воопшто не е убедена во поместувањето на оската. Поради тоа што таа  не е во состојба да го објасни тоа, таа е подготвена целосно да го негира феноменот  на поместувањето на оската, наместо да го дозволи постоењето на мудрата рака на  законот на кармата, бидејќи само таа разумно може да ги објасни ненадејните промени  и нивните последици“.
Како  што веќе зборувавме во првото поглавје, во нашето предапокалиптично време, ситуацијата  во научниот свет се измени; се појавија многу научници кои се согласуваат со теоријата  дека причината за идната глобална катаклизма може да биде токму поместувањето на  Земјината оска. Да зборуваме реално, научниците ги припишуваат можните причини за  таквото поместување на се и сешто, само не на законот на кармата.
 ТИЕ  ТАИНСТВЕНИ ЦИКЛУСИ!
 
 

Пред  сé, читателот треба да се запознае со најважната доктрина на езотеричната филозофија  – тоа е доктрината за цикличноста на светскиот развој.
Тврдењата  за цикличноста на еволуцискиот развиток на планетава и на човештвото не постојат  само во теозофијата и во агни јогата. Таа идеја има многу старо потекло. Идејата  за постоењето на космичките ритми и циклуси присуствува во најдревните митолошки  претстави на народите од целиот свет. Еден познат теолог и митолог М. Елијаде, пишувал  за тоа во своите трудови.
Идејата  за цикличноста научниците им ја припишуваат на геолошките процеси, кои индиректно  имаат некаков допир со проблемот на периодични природни пертурбации во историјата  на планетава. Особено В. И. Вернадскиј го забележувал постоењето на определени циклуси  во геолошкиот развиток на Земјата:
„Денес  знаеме дека во историјата на Земјината кора се појавуваат критични периоди во кои  геолошката активност во најразлични нејзини пројави е со засилено темпо(…). Овие  периоди може да се сметаат за критични во историјата на планетава, и се укажува  на тоа дека тие се предизвикани со длабоките, од гледна точка на Земјината кора,  процеси кои по сé изгледа, потекнуваат надвор од нејзините предели. Истовремено  се набљудува засилувањето на вулканските, орогенските и ледовитите појави, трансгресиите  и другите геолошки процеси, кои го зафаќаат поголемиот дел од биосферата низ нејзината  цела должина. Еволуцискиот процес, со своето забрзување и со своите најголеми промени,  се совпаѓа со овие периоди. не постои никакво точно објаснување за оваа основна  појава во историјата на планетава“.
И  така, животот во космосот тече во вид на определени циклуси! Истото може да се каже  и за животот на Земјата и на човештвото. Сиот наш живот е пронижан со циклуси: денот  и ноќта, периодот на активноста и периодот на одморот, животот и… не, не е смртта,  туку постоењето по смртта во другиот план на битието, а потоа повторно отелотворување  на земјиниот план, т.е. одново цикличност. Во основата на постоењето на вселената  и на човештвото лежи истата цикличност.
нова македонија ’10

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *