Лоза

Монархијата на Септимиј Север


Во 193тата година пред нашата ера римската императорска власт ја грабнал намесникот од една провинција – Септимиј Север. Тој направил последен обид да ја зацврсне државата со соединување на воениот и чиновничкиот апарат. Остварил големи реформи во војската. Положбата на војниците станала подобра, им се дозволило да имаат семејство што може да живее блиску до постојаното место на лагерот. Во пограничните места Север им дозволил на војниците да обработуваат земја. Освен тоа дадена им е можност да напредуваат до највисоки командни чинови. Масовно почнал да назначува бивши воени лица за чиновници во своите канцеларии. Во негово време Сенатот загубил секакво значење. Така Север се обидел да владее само со војници и со чиновници. Се вели дека на умирачката им порачал на своите синови: Задоволете ги војниците, а за сите други не водете сметка.
За време на неговиот син и наследник, императорот Каракал, остварена е една многу значителна мерка: на сите жители на империјата дадено им е граѓанско право (212г пне).
Сите тие мерки: зближувањето на војската со чиновниците, давањето на граѓански права на сите жители од империјата, реформата на војската – биле превземени со цел да се зацврсне положбата на Рим. Но таа веќе не можела да опстои, узреала револуцијата против робовладетелскиот поредок…

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *