Лоза

Овче Поле – рај или пустина?


 
Веб порталот www.mkd.mk пренесува информација за моменталната состојба во општината со најголем број на сончеви часови во регионот. Во прилог фотографиите на Роберт Атанасовски. Ќе се воздржиме од дополнителен коментар.
 
Во Овче Поле сè е испржено. Земјоделците не паметат суша како годинешнава. Сувата и испукана почва е жедна за капка дожд. За тоа се молат земјоделците цело лето во надеж дека ќе спасат барем половина од насадите со пченица, јачмен, сончоглед.

Уште повеќе ги плашат предупредувањата од стручњаците дека за 20 години едно од најголемите плодни полиња во Македонија ќе се претвори во пустина.
Санде Костов, раководител на приватната земјоделска фирма „Ерџелија“ вели дека не памети ваква суша во последниве 40 години.
Сушата во последниве 12 месеци го уништи земјоделското производство. Паднаа само 102 литри вода и тоа во текот на 15 дена. Овие параметри се карактеристични за полупустинска клима. Од засадените 1.100 хектари пченица и јачмен се изгорени 70 отсто. Уште полоша е состојбата со насадите со сончоглед. Од засадените 100 хектари сончоглед речиси 90 отсто се неупотребливи“, вели Костов.
Нема надеж и за останатите земјоделски култури во Овче Поле, една од најголемите обработливи површини во земјава, а сега еден од најсушните предели во Европа.














Фото: Роберт Атанасовски
извор: www.mkd.mk
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *