Лоза

Кога ќе почувствуваш дека губиш енергија, бегај!

“Силата не е во мнозинството, туку во духот. Тоа е силата што ја води војната. Еден лав совладува многу елени, а еден волк многу стада овци.” Александар Трети Македонски

Марија Котовска за НетПрес
Тезата дека луѓето не се само физички ентитет туку дека имаат и енергетски својства влегува на голема врата. По неа и правилото дека енергетско делување врз човекот може да доведе до позитини или негативни промени во неговиот карактер, емоции, одлуки па според тоа и иднина. Секој од нас може да почуствува дали некој или нешто ни ја краде енергијата или обратно – се обидува да ни ја подигне. Тоа најмногу доаѓа до израз преку самонабљудување на сопствената состојба пред средбата со некој или нешто. Дали потоа ќе бидеме свежи и ведри или обратно – депресивни и “исцицани”.

Овие “цицачи” или крадачи на туѓа енергија се викаат енергетски вампири. Првиот грев – крадењето енергија, е она што Адлер во “Трансакциона анализа” го нарече манипулативна стратегија, а Редфилд во “Целестинско пророштво” му даде име – контролна драма. Преку 4 контролни драми, луѓето ја крадат енергијата од другите луѓе.
Кога ќе ги научите контолните драми, ќе ви стане јасно дека секој од нас понекогаш е енергетски вампир кој несвесно краде енергија од околината. Но голем проблем се јавува тогаш кога некој во своето однесување ги користи само овие манипулативни контролни драми и ништо повеќе. Тогаш станува збор за вистински паразит чие постојано крадење туѓа енергија може да се оквалификува и како сатанизам.
Принципот на крадење енергија се дефинира како принцип кој го негира интелектуалниот дијалог и го сведува на манипулација чија крајна цел е – енергетско исцедување на противникот. Распознавајќи ги контролните драми, еден факт веднаш доаѓа до израз, а тоа е дека опозициската СДСМ во своите интеракции со јавноста секогаш, без исклучок, се поставува како енергетски вампир. И тоа е премногу очигледно. Метата им е она за кое Александар Македонски посочи дека е најважно – духот на народот. Одговарајќи му на својот војсководец кој го предупредил дека сето зло на светот се собрало и оди во напад против Македонската империја, Александар му посочил дека духот а не бројноста е она што е важно, зошто еден лав совладува многу елени. И два милениуми по Александар, духот на Македонците е сеуште мета на непријателите.
Правата контролна драма се нарекува “застрашувач”. “Застрашувач” е најагресивната манипулативна стратегија преку која плашејќи ве вас, застрашувачот се полни со вашата енергија. Така на пример, од опозициската СДСМ никако не пропуштаат да не заплашат дека на пример крајно време било да го смениме името и да ги свиткаме рбетите. Дека ако не го направиме тоа, ќе се распаднеме и ќе пропаднеме. Нато ќе не заборавеле, Брисел ќе ни се скарал. Грција ни се лутела. Тие пак ќе рушеле споменици, ќе јаделе живи луѓе, ќе отпуштале од работа. Контролна драма “запалашувач” ја користеа и комунистите на времето, па затоа постарите генерации се уште имаат фобија од кодошите во кожни мантили, за кои сите со нетрпение и со задоволство чекаме да бидат лустрирани, зошто кога злото ќе биде јавно разоткриено, во голема мера ја губи моќта.
Втората контролна драма може да се нарече “испитувач – поткопувач ”. Некој што ќе се информира за се, а потоа ќе почне да ве поткопува за секој сегмент од вашето постоење и на тој начин ви ја краде енергијата. Е ова е една од омилените на СДСМ кои уживаат да поткопуваат букално се што е македонско. Ги поткопаа сите објекти и споменици од проектот Скопје 2014. Не требало да се ставаат, требало првин да прашаме дали некој ни се лутел што сме си ги славеле хероите. А и не биле убави, селски биле и многу на број. И не биле квалитетни па ќе се срушеле, плус и криза било не требало да се гради, а и што ќе ти се толку цркви.  Ја поткопаа и прославата за 20 годишнината од независноста, не дојдоа, а индиректно ги повикаа и своите симпатизери да не одат. Не им се допаѓаше ни еуфоријата од големиот успех на кошаркарите, а потоа и на ракометарите, па затоа ги поткопуваа нив, ги поткопуваа навивачите и воопшто – се исмеваа со еуфоричното расположение на целиот македонски народ. Ја поткопуваат историјата, го поткопуваат името, го разлигавуваат и жаргонизираат јазикот, ја поткопуваат црквата, религијата, чудата, традицијата, историјата но и угледот на државата.
“Таинствен” е третата контролна драма. Овде “вампирот” ја краде енергијата преку ставот  “јас знам нешто што ти сакаш да го знаеш ама не си доволно добар за да го дознаеш”. Па така, на пример, пред некоја година, се фалеа како само тие таинствените знаеле како да го решат името и да ја внесат државата во НАТО и ЕУ и тоа за шест месеци. Веќе е дегутантно да се споменува фактот што е споменат милони пати, а тоа е дека имаа многу повеќе од шест месеци да го сторат истото, па не успеаа, напротив. Исто така таинствени беа и кога Црвенковски Таинствениот најавуваше по еден вработен во секое семејство, демек само тој, таинствениот тоа го можеше и знаеше.
За четвртата контролна драма “сирот јас” пишував во минатата колумна, во контекст на тоа дека оваа контолна драма јужниот сосед ја злоупотребува во односот со Македонија и Македонците. Јужнот сосед и македонската опозиција,  освен многу слични ставови за името и историјата, користат и идентични контролни драми. Инаку “сирот јас” иако пасивна, е и најсилна контролна драма. Енергетскиот вампир сака да ве натера да се сожалите на него и така ви ја цица енергијата. И така, “сиротиот” СДСМ секогаш се жали дека нема демократија, а губи на избори. Како што се жалат дека “сиротите” тие во Македонија немале медиум што ќе ги поддржел, а сите знаеме колку на број ги има од Сорос (не)зависни медиуми и слично. Или како што на пример, кодошите сега се жалат дека лустрацијата била лоша работа, особено за “сиротите” кодоши.
Освен човекот, енергијата на луѓето може да ја цицаат и објекти. И тоа лесно може да се почувствува, особено кај нас бидејќи има толку многу остатоци од сивите времиња со сива архитектура и безлични блокови од згради, кои буквално се
“Кога ќе почувствуваш дека губиш енергија, бегај !” – вели Редфилд во Целестинското пророштво. Македонскиот народ пак, ова успешно го применува со години. Мудроста и духовноста, според мене, се едни од најпрепознатливите карактеристики на Македонците. Знаеме дека, како што вели Александар, силата е во духот. Вистината е дека големата мудрост Македонците ја “црпат” и од самиот македонски јазик, во чии зборови е кодирана целата езотерична мудрост од древните Веди, која и без да знаеме, како свет аманет ја добиваме и секојдневно ја повторуваме.
Само со љубов луѓето може да се свртат повторно кон љубов, затоа искрено се надевам дека во нашиот Матрикс оваа колумна ќе дејствува како антивирус програма. Наместо да крадеме енергија едни од други, целта е правилно завртување кон Бога и црпење енергија од Изворот.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *