Македонија

Охридско езеро било широка долина

Вељат, че Охридското Езеро понапред не било и че дното му беше била широка долина, расеана од села. Стреде долината бил источник, кој се отворал и се затворал и од кој пиеле вода и си переле кошули. Една жена, како прала к’м квечерината, забо­рави да затворит источникот. Водата течела с’та ношч, и кога утрината станаха видоха долината покриена со вода. Не имаеш­чем надежда да затворат источникот, поспешиха да се спасат на ближните планини. Така се направи сегашното езеро.
Вељат че кључевите од езерото сет под планињето, над кое направен је обитељот ов св. Наум, кого верват чувач на кључо­вите, кои ако се отворат, потопват с’то Охридско и Струшко поле.
Оште вељат, че това езеро имат сообштење од Преспанско­то. кое верват, че под планината Галичица втеквит в Охрид­ското, и че, кога се затнит това сообштење, Преспанското Езеро потоп­вит ближните места.
Најпосле вељат че това езеро је глобоко до неизмервање и че никој не можит да го измерит. Некога една жена, не слушаеш­чем такви зборови, нап’лнила чун со сиџим, врза на крајот железо и појде стред езеро, да го измерит. Но тога се кренаха високо бранови кои безмалу ќе ја потопеха. Таја со горешчо каење се по­моли на Св. Наум да ја простит и се обешча да направи манастир Св. Заум, т.е. за ум направен.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *