Свети НаУм и НадУм
ме држат во лебдеење
ѕвездено и незасамуилено
и во крлетка на беспомош.
Се охридува бело и сино
цел свет поднебесен
и срце – житие пространо,
а ни Радета ни Точка
не ги сретнувам повеќе
во овој град БезСмрт.
Во иконата на езерото
и во дното на болот
сум заклиментен.
Се затихоокеанувам неверно
само в бекство вознесенско
од своја Света Софија.
Без Радета и Точка
Наум свет
в ПодУм го собирам.
Врз основа на (дотогаш) познатите сознанија за свети Наум, Лазо Каровски во 1971 година ја објави романизираната биографија Naum Ohridski. Таа е најцелосно, најобемно уметничко дело за свети Наум.
Ако во уметничката литература свети Наум е во сенка на свети Климент, во усното народно творештво тој е на прво место. Ако свети Климент го освои умот, свети Наум го плени народниот дух како никој друг светител во Македонија.