Лоза

FILTER063: Etheric Loopz – Ko-Labs Vol.1

Откако дебитираше на сцената со синглот The Old Peak, Etheric Loopz е континуирано присутен со нови изданија и ремикси за други автори (Tripnotic, ogie, Seba, Black Sun Empire, Blu Mar Ten, Dub FX). Последно што ја возбуди публиката и критиката беше албумот Programore со кој си го потврди статусот како еден од најинвентивните македонски продуценти. Оваа негова позиција му дава за право, на новото издание да им помогне на неколку не толку познати, нови домашни музичари, да допрат до публиката која безрезервно го почитува. Така настана Ko-Labs Vol.1.
Природата на проектот можеби сугерира дека би требало да очекуваме комбинација од различни стилови и енергии, но изданието е изненадувачки хомогено. Четирите песни имаат некој природен тек, а тензијата постепено расте, достигнува кулминација и се заокружува со соодветен расплет. Ko-Labs започнува со Hybernetics, песна на која се судираат tech-step традицијата со денешниот минималистички драменбејс звук. Alien Choking оди едно ниво погоре, со типичен клупски пристап што ги има сите неопходни Etheric Loopz состојки. Врвот е достигнат на Bam! Bang! Bad!, чудовиште од песна кое е своевиден омаж на легендарната соработка на Krust и Saul Williams. Конечно, Jagged уште еднаш го потврдува афинитетот на Etheric Loopz кон брејкс звукот, докажувајќи дека неговите продукции се подеднакво генијални и во побавно темпо.
 

omot

Изданието веќе добива одлични критики, а меѓу поддржувачите се и брејкс првенецот Rory Hoy, радио легендата Eddy Temple-Morris и Bob Kickflip. Ko-Labs Vol.1 излезе на 11 јуни и може да се набави преку сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси.

Etheric Loopz – Ko-Labs Vol.1
1. Etheric Loopz vs Alex Borel – Hybernetics
2. Etheric Loopz vs Source – Alien Choking
3. Etheric Loopz vs Luminous Krstvisei – Bam! Bang! Bad!
4. Etheric Loopz vs Khazar – Jagged
извор: Плагиј.ат
Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *