Македонија

Македонски лечебник од 19 век

Главобол
Кога боли глава, от вино каша и божур и ручај от њега јутра, а едно остави та си носи сос себе.
От тежна у глава, от свиња сало растопи и капи у ухо или свари с вода и пи.
или у велика рупу ижежи га сотри ситно свари си и пи многу на ште срце.
Аште кого боле глава најди спориш сварио лози, мешај ја, триј и цели се.
От глава … стучи бел темјан и оцет врзи и слепи очи и синап тури у мет и мажи главу врз синап и сало мечио и пипер и шарлаган и каклица тулчена мажи на главу.
От глава кога боле карафил 8 пари, 50 пари темјан, 3 пари бадем јаги, 1 чаша оцет, ½ ракија, 10 пари зејтин да го наложиш на главата сос модра книга, бурнут и нишадар у нос да тегле назад еднаш, да застане на пладнина, еднаш навечер.
Глава од пиење кому боли шафран и оцет да мажи главата.
Кога от боли глава болит ашашово масло мажи на чело.
От глава … терементка и сакес колцај и оцет мешај и тури на глава.
За да отежит глава три јајца жолчката, една рака сол да измотиш, да и туриш у колцишта дека боли да наложи.
Од пиење глава кому боли шафран да мажи главата.
Од  глава… бел темјан и оцет.
Врзи на слепи очи синап тучи и мед мажи, врз синапо, сало мечио и пипер и шарлаган и каклица и тучи и мажи главата, оттежит главата.
От глава кога боли 2 пари каранфил 1 пара темјан 3 пари бадем јапи 1 чаша оцет и јака ракија 1 пара зејтин да го наложиш на главата со модра книга, бурнут и ишадор у нос да тече и зарани и пладнина и навечер.
Очебол
Кому играат очи да пиет божурово семе прет сонце 40 дена секиден.
Кого боли очи бел темјан и от зајака срце и морска сол и морски пен и сотри и сипи нека подржи малко часа.
От болес на око от аштреп порот и цело положи на око со мет.
Ајделик суи, виделно масло за очи.
Влагичи курмус минералис за на очи.
От очобол кромит огули …оти.
От мрежесто око от штрк јајце и ас бисер, ластовици гнездо сипај и от коса пи.
Ушебол
Ти уши зла стипца, нишадор и карафил и мод’р камен по ас пара со вода наедно стуци како брашно и оцет ногу да го згреиш и држи на уста колку можиш да трпиш.
За глуво уво кавурна икимон и восок измешај го … фитил во ухо.
Аште боли уши од диви тикви у воду и шарлаган капи во уши.
Аште околу уше биде козја крв и маткино масло измешај и сипи во уво и глогово корење стуци и пи со вода и морачово корење и пи с вода и вино.
Акло бучи ухо стулци капиново лисје и вино мешај с мет и зејтин и згреј го и капи од гуска сало неслано, растопи и капи.
От глухота од свина млеко и от бел кромид вода капи во ухото.
За глуоче кафур и икимон и восок наедно, на конец појак да се скине направи фитил и тури у уши.
И козја крв пловним измешај и сипи у уши.
От глувоча от орлово сало наливај во ухо.
От глуф човеку от зајак жолч и мет со женско млеко измешај от вечер и капи у ухо.
От кого болит уво и не чует масло ореово, зајачка жолч и вари ја со мет и женско млеко, смешај и сипи во уво.
Кого го болит (уво) от гуска сало вари со кромит и сипи во уво болес тему.
Од свина сало растопи и капни во уше и лисје вари со вода.
Кому спаднало срце изгори от лоза трат, кади се.
Кој има болест на срце вари от маан (македан) корен со семето и густо како каша да пие и да јаде.
От тешко на срце фирфур и нишадор дара и пол пелин. Това свето наедно туци, вари у вода, у филџан тури, пи, затвори и пи на ште срце.
От срце стуци храстови шишарки и пи с вино  или купи вино, корен или шишарково или трендафил вари со вино и мет и пи козје пресниково ручај на ште срце.
От трсје крвавица трава корено мази и стипса 140 драма да испечиш кого болело многу срце, узми од зајак кожа цела, тури на врел оган да се осветит арно, положи кожата да пржиш (?) да пие со кафе.
Аште има трут на срце печи сирене и ручаи и нато пи див босилок во водата, та пи и узми от штавел бел корен исуши, столчи,  како брашно измешај сос мет и пипер повеџе тури да стане тврдо, направи како прат и постави у проходот.
Аште има жива жаба у срце узми дрво церово и јаворово и брестово и коренето свари со вино бело и пи ногу.
От срца тури да зоврие да не го покриваш.
Срце кого болит под градите 1 драм каурна со вода шекер да пие.
Кој имат живу жабу у срце узми дрво сурово (или церово?) и першутово корење сос вино бело и пи многу.
Кому отече срце от кисел леп филија вари со мет во тиган и врзи го на срце.
Кој имат наступ на срце земај бел темјан и бело вино вари и пи вруќо колку можиш.
За срца сто драма пежарина, 70 драма телемети да вариш божурот дури да загорит перото и телемеити и да се варит дури да згустит.
Алчиа (?) и туткал, а после ракија, сапун и килерме и бркај (мешај) та мажи с тополо сок, со то вари и мажи ракија. Тури на место …
Изварак за пишење (/) мет, изварак тури во едно, бел синап и да го прецедиш три поти и да го миеш кога ќе пишиш малку туткал.
Бодеж-дупеж
За бодеш дефна и зафар да жвака и да го голта вечером и утро.
От бодеш човеку на секу страну боделот земи галичик котвенец да задуши, да истиши, да пие жешко со небет шекери.
Од бодеш шишарки шумови да туриш, рен, лук и мет и тучи и тури на бодеш.
От вода и бодеш дабови шишарки истици, бел лук и пипер со мет и вари на место дека боли и рен истуци.
От бодеш рен и лук и пипер и мет да измешаш каде го боли многу пати.
Од бодеш се каде те боди булици да бериш и да го туриш во грне да се варит со вода, да го залупи, да не издиха.
От зол ветер на срце узми црно грозје терак и афион столчи и прави хапови како лешници за девет вечери по 2 да јаде и заран воду…
да не пие и то го јади; се тоа столчи таму с мед у филџан у ден пи на гладно срце.
Нос Кому тече крв од носо узми дарчин, кулцај и трлај у носо како бурнут, чекај (да) престане.
Грло Кого грло болит распори жива жаба и врзи на грло и гризи жолта перуника из решето и пи вода и бел лук пржи с масло и врзи на грло. Кого боли грло јачменов (?) прас и зејтин и наложи на грло; анте ли у грло меур зрно печин столчи, измешај итерак и пипер и ложи грло; аште ли јазик мехур … али бес пипер грло врзи … отцери. За меур у грло црн пипер столчи, полата смешај со тирак (штирак) и пипер и положи на грло… ако е по јазик а ти бес пипер и положи на грло. Сирке мелеми зејтин 20 драма и оцет 25 драма и клек 15 пари на усту 15 пари… Од која буба (?) застопи козја лој и мажи по грлото и бршлен носи со себе харно е. Од грло кога боли модр камен и чингр 1 пара и ќуќур 1 пара да сотриеш и духаш и грло и црна кокошка желудник да го врзиш на конец та да го изедиш и жива риба да фатиш, да плукнеш па да ја пуштиш и ластовица фани, плуни и грло та ја пушти. Грло кога болит да земит од ластовица седело да го свариш со оцет, да го процедиш и да го мирисаш.
Забобол От зубобол зуб от офца волкот што удавил и тури у чиста крпа, па кади болест ему. Кого боли от зуп од теле рок дењсен изгори и посипи… бел кромид три зрна да кладеш у тула жешка у леген зави се арно да иде парата врз тебе. От зубобол наиди от овцу зуп што е вулк удавил, тури га у чиста крпа и покади кој зуп боли. От кого боли зуп рок еленски сожежи. и сос пепело квечером зуп посипи … и потри на ден. От согите (?) венец на зуби от трендафил корење или лисјето столчи како брашно и посипи и растри. Шафран и сол измешан с мет и мажи зуби и трлај зуби с мед, загреј га и држ час. Аште за сотворити зуби от елен рок изгори га (да) настане бел и растри со сол и црн сакус и от влаблал балема христотели (?). от леден крст толчи семе пелиново вари га с вода и мет да пие. Аште тешко на поп узми ти пијавица расипи со мет измешај сос вино, сипи на устата. От засип човеку лук и кромит со оцет да земат от кромидот да пиет со мет да јадит.
Уста Егда смрди уста копитјак свари с вино и држ трендафил сув, сожежи га, истрлај го како брашно. Егда се смрдави заби трендафил сотри исип у заби.
Ќелавост За кел (ќелав) кезап и пресно млеко и човечка коска изгори, направи како мелем-мажи главу. За кел женски от жива вода топи главу, от сугреба модар камен, зелен глек и зејтин и оцет да се маже.
Од книгата „Македонски лечебник од 19 век“, приредил Драги Стефанија, Скопје 1985 г.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *