Лоза

Времето на Прохор Пчињски

Речиси сите истражувачи се согласни дека Прохор Пчињски живееел во 11 век со тоа што некои претпоставуваат дека се родил кон крајот на 10 век, а починал во 11 век. Најголем доказ за ова е спомнувањето на ловецот Диоген, кој подоцна станал цар на Византија. Тоа всушност е царот Роман Четврти Диоген, кој владеел од 1067 до 1071 година. Поради фактот што свети Прохор бил старец за време на нивната средба, тогаш има основа претпоставката според која свети Прохор се родил на крајот од 10 век. Ова значи дека и тој извесно време бил современик и жител на Самуиловото царство.

Познато е дека Самуиловото царство било освоено од Византија во 1018 година. Веќе во 1040 година Македонците кренале востание под раководство на Петар Делјан. Свети Прохор Пчињски бил современик и на овие бурни настани. Историските податоци говорат дека војската на Петар Делјан поминала токму низ крајот каде во тоа време се подвизувал свети Прохор Пчињски.

Поради тоа што ловецот (а подоцна цар) Диоген ловел крај пештерата во која се подвизувал свети Прохор Пчињски, најверојатно дека и самиот имал македонско потекло. И денес е позната пештерата каде тоа се случило. Таа се наоѓа недалеку од црквата “Свети Ѓорѓи” близу селото Старо Нагоричане. Всушност, овде била црквата подигната од царот Роман Четврти Диоген, која подоцна била урната, а на нејзините темели во почетокот на 14 век била подигната нова.

Во 1965 година биле откриени и остатоци од малата црква што царот Роман Четврти Диоген ја подигнал на местото каде ги открил моштите на свети Прохор Пчињски. Оваа црква била откриена на падините на планината Рујан на десниот брег на реката Пчиња.
Историските податоци зборуваат дека Роман Четврти Диоген и навистина на млади години отишол во Цариград каде стапил во воена служба, а на престолот на Византија дошол откако се оженил за царицата Евдокија, која била вдовица на претходниот император Константин Осми Дука. Последните години од својот живот и тој ги поминал како монах.
На крајот да спомнеме дека од времето кога живеел свети Прохор Пчињски зачувани се документи во кои се спомнати Македонците како жители на Македонија. Така, на пример, по пропаста на востанието на Петар Делјан, некои од востаниците избегале на Сицилија. Тамошните хроничари од тоа време, во делото “Барски анали”, го овековечиле нивното доаѓање со следните зборови: “Од таму пристигнаа несреќните Македонци…”.

извор

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *