Лоза

Лековита вода во Змеојца кај с. Крапа

Таму во Крапа има лековита вода. Таја во Крапа се прикажует и одат само на Дуовден. Змеојца се вика.
Некоја девојка играла на славата на Дуовден и таја исчезнала. Ветришта завејале од орото ја однесле. Тоа, си поминало една година. После година ја видел некој овчар. Таму во планината има дупка и удолу со скала се слага. Долу – пропаст. Е таја била таму однесена. Од ветрот од змејот. Разбрала мајка и и отишла таму, и и рекла на дејката:
– Да го прашаш од ошто му е смртта?
А во дупката има два извора од кај што пиел тој змеот, ко ќе си дошол изморен, од некаде. Тој и рекол:
– Само од сол можам јас да загинам!
– Тури му – рекла мајка и – во то коблите сол, да загинит! Да се вратиш!
Таја му напрајла така и ко се напил тој, тука се скаменил, ама и невестава и детето.
Сега одат на Дуовден во то дупката и земат вода за лек. А водата стално полна си е, ни прелеват ни се празнит. Од секакви оболени ама само на Дуовден. Идат од којзнае од каде. Му плаќаат на човек да ги однесит таму.
 
„Народна митологија на Македонците“ од Танас Вражиновски

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *