Кои? Какви? Зошто после милениуми сеуште сме, постоиме како трн во око на цел контитент, за инает на сите измислени приказни, присутни пак, можеби поради некаква тајна, за луѓето непоимлива поврзаност на целата планета земја со ова парче…распарчено. Можеби за капак. На целата манџа попарена, од ран неолит па до сега, зачинета со секакви мирудии. И не мируваме, па ние немаме цар. А сме имале, пред цела ера.. За волја на вистината обратно од ерa, ар е. А, ар кај старине и земја било. Земјава ја пишува во еден куп книги, фермани, списоци…сите стари, апла…и секаде – Македонија. Ѕе, па за ехеј, колку од нив е привилегија да си Македонец. Да си древен. Од истото тоа распарчено парче станале, многу сториле па загинале една долга листа на баш луѓе. Дали тоа некој на сила, зорле ни става превез за да не можеме да видиме бел ден после ери и епохи, или сам себе се уби, па пак обратно…
За пријателите, зборовите од оној чиј што гроб петмина го пазат: Повелете, или вие ќе не парализирате нас, или ние вас. За пријателите: Да внимаваме на гордоста и суетата, знаеме чии одлики се.
Сонцето изгреа и денес, ЛОЗА 2012