Во приватната колекција на хералдичарот Дерек Хауард во Брисел, претседателот на Македонското Хералдичко Здружение ја пронаоѓа книгата The Glory of Generositie (Слава на Великодушните), во која го открива приказот на грбот на кралот Македон од Ематија.
Станува збор за книга издадена во Лондон во 1586г., во која што авторот не се задржува на објаснување кој е овој крал Македон, ниту пак дава други информации. Само е испишан блазонот (описот) на грбот. Преводот гласи:
Македон, крал на Ематија, носи сребрен исправен волк на црно поле. Мислам дека неговиот грб е поставен на округол штит.
Ематија ја претставува територијата околу Солун, Берија, во поширок смисол територијата на Македонија.
извор: Македонско Хералдичко Здружение
За да се надоврземе на горенаведената информација, ќе Ве потсетиме на неколку реда напишани од античкиот автор Diodor Siculus (90-21BC):
18.1 Озирис не беше сам во походот, така оди Египетската приказна, беше придружен од неговите два сина Анубис и Македон, кои што се разликуваат во своите храбрости. И двајцата ги носеле најзабележителните воени симболи, земени од одредени животни чиј што карактер не е како храброста на луѓето, Анубис носел кучешка кожа, а Македон носел предни делови (шепи?) од волк. Поради оваа причина овие две животни биле почитувани од Еѓипјаните. 2 На походот го зел и Пан…
20.3 ..син му Македон замина како крал на Македонија, која што беше именувана по него…
…и на нашиот АРхАНГЕЛ:
Немир ноќен
тој ме зема
и ме гони да го следам
ветрот моќен
да го јавнам
да го победам
Мојот брат самотен
војува до прва зора
ноќта да ја испие
за нов и светол ден
Источно е таа сила
ти си тоа сонце, мила
врела , убава и цела
Македонија
Пред себе, брату мој
заколни се на молк
пред нас препознај се
во Човек и во Волк
Македонската Фаланга пред секој поход имала ритуал исти како славењето на пролетта, со додадени мистични симболики за прочистување на армијата – ритуално се прочистувале преку растргање куче на две половини – претпазливост од раскол (schism). – Доволно симболички за да се “заштитат” од волкот самотник, одметникот од глутницата.
0 Comments