Македонија

Мајката на Александар Македонски

Се кажува дека Олимпија секогаш со задоволство учествувала во светите танци на боговите на природата и дека понекогаш обвиткувала живи змии околу себе, им дозволувала да исползат од бршленот на мистичните стебла или да се обвиткуваат околу светите фиданки, па дури им дозволувала да ползат на венчето од лисја на нејзината глава и да се пикаат и излегуваат во нејзините плетенки – глетка која дури и најсмелиот маж не можел да ја гледа без страв. Понекогаш, навистина ова го правеле баханалиските жени кои носеле свети симболи во свечените поворки, а Олимпија била посмела во ракувањето со овие змии, така што предизвикувала ваков страв .
Но таа била многу повеќе од обична оргијастичка танчерка и храбра кротителка на змии, таа била роден мистичар, духовничка по природа, и кај неа физичките чувства очигледно биле толку тесно поврзани со религиозната екстаза, што нејзините најсурови желби мора да се чинеле како природен израз на пиетет. Во нашето современо религиозно искуство често слушаме за нешто што е наречено сублимација на страстите, претворање на емоционалната енергија од телесно кон духовно искажување, заради прилагодување кон аскетизам кој е неразделно поврзан со ве рата и заради сообразув ањето со сфаќањето на телото како храм на духот. Но, во пагански поглед, богот е премногу близок до човечкото срце за да се оддели од човековите желби, особено кај жените, религиозниот жар често не бара сублимација туку охрабрување на она што се нарекува ниска побуда. Така, можеме да ја гледаме Олимпија како жена која била многу религиозна и длабоко мистична, а сепак нејзината побожна страст не се разликувала од алчноста.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *