З А К О Н
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЛОКАЛИТЕТОТ
АЛШАР ЗА СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА
Член 1
Просторот на локалитетот Алшар се прогласува за
споменик на природата, заради заштита на неговите геолошко- ботанички особености,кои се од исклучително значење за заштита на природата.
Член 2
Назив на споменикот на природата е Алшар .
Член 3
Категорија на локалитетот Алшар е споменик на
природата.
Член 4
Локалитетот Алшар се наоѓа 40 километри јужно
од Кавадарци кај селото Мајдан на планината Кожув ,
во близина на македонско – грчката граница.
Границата на споменикот на природата Алшар започнува од возвишението Рудине (964 м ) од каде што
води на северозапад и се спушта на раскрсницата на
земјениот пат што води за село Мајдан. Оттука границата продолжува по земјениот пат во јужен правец кон
село Мајдан и по него води до вливот на Провалска Река во Мајданска Река . Оттука границата го менува правецот кон север и продолжува по земјениот пат во должина од 2,3 км до почетокот на суводолицата што се
спушта во Мајданска Река . Оттука границата води во
северозападен правец и избива на почетната точка на
возвишението Рудине.
Во овие граници површината на споменикот на
природата Алшар иснесува 120,4 хектари.
Член 5
Со споменикот на природата Алшар управува Ми-
нистерството за животна средина и просторно планирање – Управата за животна средина.
Член 6
Заради остварување на заштита на споменикот на
природата Алшар , Министерството за животна средина
и просторно планирање – Управата за животна средина,
донесува план за управување и годишни програми за
заштита во кои се утврдени посебните мерки и активности за заштита на природата.
Непосредната заштита на споменикот на природата
Алшар ја спроведува чуварска служба основана од Министерството за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина.
Чуварската служба ги врши работите на набљудување и следење на состојбите со сите вредности на споменикот на природата, врши надзор врз спроведувањето на дозволените активности во споменикот на природата , како и други работи кои ќе му ги довери , односно
овласти субјектот кој управува со споменикот на природата .
Член 7
Министерството за животна средина и просторно
планирање – Управата за животна средина е должно да
го чува , да се грижи и да го одржува споменикот на
природата и навремено да ги презема пропишаните
техничко – заштитни и други мерки со кои се обезбедува
особено:
– заштита на природните живеалишта од национално и меѓународно значење за културни, научни, воспитно – образовни и туристички цели;
– воспоставување стабилност на еколошките процеси , биолошката и пределската разновидност преку трајно зачувување на репрезентативните природно- географски карактеристики во автентична состојба ;
– создавање услови за развој на еко туризмот во согласност со принципот на одржлив развој ;
– одржливо користење на природното богатство во
интерес на сегашниот и идниот развој , без оштетување
на деловите на природата;
– создавање услови и преземање мерки за заштита
на споменикот на природата со цел за зачувување и
одржливо управување со компонентите на пределската
разновидност ;
– проучување, истражување и со научни методи
обработување на прашањата од интерес за заштитата
на споменикот на природата;
– водење евиденција и документација за природните
и другите вредности и убавини во споменикот на природата ( положба , степен на загрозеност, мерки за заштита);
– преземање мерки за заштита на утврдената зона во
споменикот на природата;
– обезбедување поттик и поддршка за заштитата на
споменикот на природата преку подигање на јавната
свест, а посебно во воспитно -образовниот процес ;
– спречување на штетни активности од физички и
правни лица, односно обезбедување максимално поволни услови за заштита и развој на природата;
– поттикнување на научно- истражувачката работа ,
заштита , презентација и интегриран третман на природното и културното наследство ;
– издавање на научни и стручни публикации, водичи, дијапозитиви , разгледници и друг информативен и
пропаганден матери j ал за споменикот на природата;
– поттикнување и развивање на интерес и однос кон
чувањето на споменикот на природата преку организирање изложби , прикажување на филмови , предавања и
– вршење други работи кои придонесуваат за заштита и унапредување на споменикот на природата;
– спречување на депонирање на кој било вид отпад
во споменикот на природата;
– спречување на бесправна сеча на дрвја и грмушки
на подрачјето на споменикот на природата;
– спречување на секоја работа која би го изменила
растителниот состав на споменикот на природата ( на
пример, отстранување или менување на вегетацијата);
– спречување на искористување на минералните суровини од споменикот на природата за какви било цели
и намени и
– спречување на лов на животни и уништување или
оштетувања на гнездата или местата каде што животните се размножуваат или претстојуваат на поширокиот простор на споменикот на природата.
Член 8
Во споменикот на природата Алшар се воспоставува зона за строга заштита .
Член 9
Во зоната за строга заштита научно- истражувачки
активности се вршат во согласност со Законот за научно- истражувачката дејност.
Во зоната за строга заштита Министерството за животна средина и просторно планирање – Управата за
животна средина поддржува научно- истражувачки
активности доколку тие не се во спротивност со примарните цели на заштита на споменикот на природата.
Заради одржување на карактеристиките на зоната за
строга заштита Министерството за животна средина и
просторно планирање – Управата за животна средина е
должно да обезбеди постојан мониторинг.
Член 10
Екотуризмот е економска активност која Министерството за животна средина и просторно планирање
– Управата за животна средина ја врши во споменикот
на природата Алшар .
Член 11
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на
објавувањето во „ Службен весник на Република Македонија ”.
Број 83 Год . LXV Петок, 3 јули 2009