По трагите на јагулите- Македонски документарен филм
Филм за животот на јагулите, нивната борба за опстанок и нивниот пат од Саргаското море до Охридското езеро. Документарецот е користен и во филмот “Исправи се Делфина” Производство 1958 година
Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото смејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име.
Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1958
Содржина: Филм за животот на јагулите, нивната борба за опстанок и нивниот пат од Охридското Езеро до Саргаското Море.
Награди: 1958 МФФ, Тренто, Специјална награда „Сребрена чинија“ за национална селекција на Киро Билбиловски и Ото Денеш 1967 ФФ (Лов и риболов), Нови Сад, Прва награда за режија на Ото Денеш 1967 ФФ (Лов и риболов), Нови Сад, Прва награда за камера на Киро Билбиловски
Автори:
Други соработници:
асистент режисер — Пера Јоциќ
текстот го чита — Бранислав Сурутка