21 година по осамостојувањето на Македонија, граѓаните сеуште го чуваат споменот за Маршалот – денес, и по 32 години по неговата смрт, многумина очајно жалат за “пастирот” на бившата држава. За волја на вистината, од истата страна дува и ветерот кој што има некаков проблем со терминот “Гоцева Раса”. Да не беше убиен Делчев , нештата ќе беа поинакви по 33от му роденден. Наредната година се навршуваат сто години од Букурешт, но и 33 години од смртта на (за оние кои што се сеуште заглавени во илузорната идила на бившата држава) пастирот со белите ракавици. Лесна му земја на браварот. А, 33 е среќна бројка за Македонија! Факт.
Во САД, зградата на Пентагон е во форма на петтоаголник (што е повеќе од јасно само кога ќе се прочита името). Дури и аглите на ова огромно здание се по 33 степени. Ко случајно, некои сметаат дека и зградата на Собранието на РМ крие своевидна симболика. Зградата е подигната да служи како седиште на банската управа, што значи инкарнација на власта од Белград. Гледана одгоре, зградата е во форма на петтоаголник, што за слободните ѕидари има симболично значење. Таа форма се нарекува “огнената ѕвезда” и го симболизира преминувањето на калфите во мајсторски степен. Ова го пишува во книгата Масони – Бревијар за Древното Братство од Јован Бригиски, издадена од КУЛТУРА.
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание.
Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
цитат од писмо на Гоце Делчев до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година
Последната посета на гробот на дедо Гоце Делчев во црквата Свети Спас ни отвори ново поле за истражување. Околу самиот гроб го има истиот тој петтоаголник! Питагора оставил абер за симболиката на петте елементи. Денес, многумина го навредуваат чистото човечко чувство на извикот ГОЦЕВА РАСА! Мистеријата околу големината на ликот и делото на Делчев е толку голема, што сакале ние или не – годиниве ни влијае на нивоа за кои што сепак сеуште немаме доволно развиена свест.
ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА
И ПОЗДРАВИ ЈА ГОЦЕВАТА РАСА
КРЕНЕТЕ РАЦЕ ВИСОКО ГОРЕ
НАШЕ ЌЕ БИДЕ И СОЛУНСКО ПОЛЕ
МАКЕДОНИЈА 2012та
ИЗРТИ ПЛОД ОД ВЕЧНО СЕМЕ
КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ДРЕВНОТО ПЛЕМЕ?!
Вечен е Делчев, темно ни е минатото, древна е Македонија, светла ни е ИДНИНАТА