изборКоментари

За уметноста на водата (ЕБРУ)

“Незнаат ли они дека од вода беше створено се„

сура: Енбија, ајет бр.30.

 
Сигурно сите, барем оние кои почесто гледаат во небото, забележале како непосредно пред изгрејсонце или веднаш после зајдисонце на небото се оцртуваат слики и бои како живи мориња и одблесоци на разни универзуми и во нив светови. Некогаш тоа се гледа и в’долж хоризонтите, како бродови кои низ облаци во разни бои пловат со едра од светлина завеани. Притоа може да се забележи како овие бродови од светлина, пловејќи по краиштата на различните светови полека стануваат и самите засебни универзуми за да токму пред да исчезнат бидат едно од сите различни. Како тоа добро го опишал Имам Али констатирајќи: „Гледајки ги небесите ти мислиш дека си само еден мал предмет, доколку пак цел еден универзум е во тебе втиснат и потиснат.”

Ете токму овие дискретни назари на севишните во мигови да на невечните и смртници временски некои ашици – вечни иако смрттни –  успеале да научат како да ги овековечуваат овие привиденија во слики. Тоа го правеле со помош на водата, возвишената живост на водата, која тука е некој вид скут во кој паднала цела духовна свита на уметникот/практициентот/ебрузенот. Таа техника ја нарекле „Ебру“, што во персискиот јазик има значење на „облак“, односно во маана речено „лице на водата“. Оваа техника е сликање на хартија со помош на вибрациите во водата, односно ебрузенот (оној кој ја владее техниката) не може да слика по својот разум туку само по својата интуиција. Сликата произлезена како најгорниот слој од водата (лицето на водата) е само одблесок на интуитивните чувства на ебрузенот. Целта на сликањето со ебру техниката не е хармонија од бои и форми туку убавото како бесформно како над-естетско – убавото како небесно.

Специфична карактеристика, за разлика од другите уметности, на Ебру уметноста е тоа што таа е, така да кажам, безжелна. Ебрузенот својата волја препуштајки ја на водата ја губи истата. На овој начин ебру е своевидна духовна терапија, каде личната волја преминува на фрекфенциите и се меша со општата.
Делата направени со оваа техника се неповторливи, односно секое наредно е нешто засебно, тие неможат да се емитираат, што алудира на тоа дека нема повторување на креацијата.
Старите мајстори на оваа уметност велеа дека треба песна да и се пее на водата, односно епопејата на универзумот да се внесе во водата и така да ги даде формите невидливи и нетолку јасни за сетилните капацитети на човекот. Ебру уметноста е поетичен одблесок во визуелноста, или пак визуелна мелодија на универзумот.

Хактан

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *