Македонија

Зошто врапците пеат "џив, џив"

Една време беше се собрале врапците на еден висок трн и секое велело:
„Јас сум цар, бре, јас сум цар”.
Секое врапче цар се правело и викало што то грло течело.
Секое што било на поголемо гранче се туркало од тоа што било на подолното панче,
и откога ќе го турнело, ќе се наречело цар.
Сите викале. „цареви сме’.
Викале, врескале, ѓурултиа правеле,
како во авра Евреите, кога да ги пеат псалтирите.
Кој што ги видел и чул, се се смеел на нивнио будалштилак, дека се правеле на високиот трн цареви.
На тоа згора беше ги чуло врашкото сокле и беше втасало со голема сила, та беше ги нападало да ги јаде.
Грабнало едно — испердушило, грабнало друго искинало и го изело, грабнало треќо и cи го однесло на седело да си ги нарани соклињата мали.
Во тоа време, страшно за врапците, од кај што се правеа сите цареви,
фатија да му се прават на соколот чифчли, велејќи кога бегаа од трнот и се криеја, вака: „Чив, чив, чив, чив сум” (чифчија сум, кажувале).
Секој се откажувал од цар да биде пред соколот и ce правел чифчија,
страха ради соколова.
Откога си се најало соклето и си отишло, фатиле да си излегуваат врапците од кај што беа се искриле низ дупките и фатиле да се прашаат едно со друго,
„Џив, џив, џив” (море, али си жив бре?) едно со друго се прашаат.
И оттогај им осганало на врапците да се прашаат едно со друго:
„Џив, џив”.
МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *