избор

Лицата на Александар и Градот со седум Капии

Самостојна изложба на Гордана и Наталија Винчич, Д Винчич Систерс во Порта Македонија (Триумфална Капија) – 3ти – 12ти Септември 2014.

Крал треф


Идејата за Градот со седум Капии се роди во 2000год. во Скопје. Сестрите Винчич беа разжалостени поради отсуството на животниот жар. Тие имаа и голем копнеж да излезат од секојдневието преполнето со лимети и рутини. Немаа ниту инспирација, ниту свесни одлуки со кој би можеле да си ги контролираат своите мисли, својата енергија и фокусот. Нивниот индивидуален развој стагнираше, несвесно и неприметно за нив. Не се чуствуваа живи, исто како да беа во една безизлезна ситуација и слепа улица. Не можеа да ги видат раните на своето внатрешно дете, дете кое беше закопано во заборав. Нивните емоционални туби беа исто така испразнети, но сеуште не беа спремни да се соочат со тој факт.
Еден пролетен ден, во градот Скопје, седејќи во својата минијатурна мансарда (токму кај денешната Триумфална Капија), сестрите ја донесоа својата одлука. Да го решат овој огромен проблем. Свесни за предизвикот кој си го поставија и за фактот дека една без друга нема да успеат на патот кој им престојуваше. Сестрите беа убедени дека голем број од населението во родниот град го имаат сличниот проблем и дека напорот за изнаоѓање решение ќе допринесе за сите. Нивниот сон беше да ја спојат уметноста со индивидуалниот развој за да ги решат личните но и проблемите на останатите граѓани. За да тргнат по патот на просветлувањето ,сестрите насобраа смелост и инспирација од јунакот, кој со своето копје ги отвара капиите на огромната камена глава и го уби лошиот маѓепсник. Јунакот за кој станува збор, доаѓа од легендата за постанокот на градот Скопје. Тој немал име, и затоа луѓето го викале тој Со Копје, Со Копје, тој С’KOPJE, и на крај и самиот град го нарекле СКОПЈЕ. Легендата за настанокот на градот Скопје носи тајни со чија помош се доаѓа до просветлување, безусловно веруваат сестрите. Тие ги претставуваат своите толкувања за легендата, со седум слики кој симболички се капии т.е седумте отвори на камената глава на легендата. Јунакот ги отвора капиите на главата со помош на своето копје и таа повторно ги добива сите свои сетила назад , со сетилата таа станува повторно моќна и свесна.
Откако ги најдоа сите Седум капии, сестрите се соочија со нов предизвик “Духот на Александар Македонски”.
Taкa произлегоа и 13 уметнички дела, кои исто како и Седумте Капии се проследени со приказни кои носат пораки за набљудувачот. Културниот проект на изложбата се состои од два сегмента – “Лицата на Александар” и “Градот со 7 капии- Скопје”. Александар Македонски (Александар Велики) бил успешен стратег и освојувач, посебно почитуван поради својата огромна желба да ги обедини луѓето, а не да ги раздвојува. Неговата поранешна унија и стратегија на владеење, се многу слични со оние од денешната Европска Унија. Неговиот дух не е заинтересиран за препреки и граници. Тој посакува да види што се случило со некои делови од неговата поранешна земја, како се развивале традициите и кој е идентитетот на луѓето што денеска живеат на тие простори. Неговиот дух патува низ времето и вниманието му го привлекуваат луѓе или ситуации. Сите тие моменти и доживувања тој ги изразува преку уметничките дела на сестрите. Во нив постојат многу симболи и скриени пораки кои ќе го инспирираат набљудувачот да гледа подлабоко во светот на симболизмот и да го најдат своето вистинско богаство. Секоја слика е пропратена со кратка историја, која е конектирана со луѓе или ситуации од Македонија, каде што неговиот дух го доживува сето тоа.
Толкувањата на Александровите увиди, ќе бидат во главата на набљудувачот, со што сестрите веруваат дека овие уметнички дела ќе создадат платформа за понатамошен дијалог.
Сестрите посакуваат со овие дела, СО КОПЈЕ , духот на Александар исто како и јунакот од легендата да ги отворат Капиите на градот и народот кој живее во него да биде среќен.
Делата се творени во летниот период во Скопје, но инспирацијата ја добиваат со средбите и ситуации што ги доживуваат ширум поднебјето на Македонија. Седумте Капии се твореа во Шведска, последните четири години. Сите дела се изработени на ленени платна со јајчена темпера и акрил. Цртано во иконописна техника, стилски, симболично се претставени разни моменти од овие простори, а во себе содржат и еден мултиетнички спој. Сепак се е претставено на еден модерен начин со една симбиоза на повеќе техники и стилови.
“Посветивме четири години од нашите животи да ги пронајдеме клучевите од Седумте Капии, кои водат кон успешен живот. Ние ги најдовме клучевите истражувајќи го внатрешниот и надворешниот свет на симболи каде што човечката интерпретација беше главниот водич. Седумте Капии се всушност најважните доени во животот на секоја индивидуа. Тие седум симболични капии претставуваат влезови преку кои индивидуата ги преминува препреките и блокадите за здрав живот, самодоверба, самопочит, креативност и самоостварување”. Духот на Александар ни го зема вниманието и ни дава пораки со кои стратегии полесно да ги отвориме капиите, велат Д Винчич Систерс.
Сите дела се наменети за набљудување и барање прашања. Индивидуата многу лесно наоѓа одговорње, клучот за отварање на капиите е во поставувањето на соодветни и правилни прашања.
Системот на наоѓање правилни прашања за решавање животни проблеми и постигнување успех , веќе со години го користат во Шведска и светот. Културниов проект им помага на сестрите да го откријат и создадат овој нов метод за индивидуален и професионален развој на индивидуи и групи.
Гордана и Наталија Винчич, Д Винчич Систерс

 
 
претходно – Интервју со Д Винчич Систерс

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *