Превземено

La Colonie Volvox ќе го промовира АЕИОУ во Словенија

Македонската група „La Colonie Volvox“, на 10 септември ќе гостува во Словенија, каде што има закажано концерт во „Сачмо џез-клуб“ во Марибор. Тоа, всушност, ќе биде промоција на нивниот петти албум насловен „АЕИОУ“, што треба да излезе кон крајот на септември под етикетата на домашната дискографската куќа „И гоу ист рекордс“. Концертот е во организација на културната амбасада „Марибор“, во соработка со македонската амбасада во Словенија. По настапот во Марибор ќе следува и концертна промоција во Скопје, но и низ другите македонски градови.
Групата „La Colonie Volvox“ е оформена во 2001 година и досега има објавено четири албуми: „Abstractology“, „Wasteland“, „Europa“ и „East West and Rest“, кои се своевидни музички патувања што се движат од традиционалните песни и ворлд- мјузик стилот, па сѐ до амбиентална музика и фри-џезот.
Во моментов групата ја сочинуваат пејачот и перкусионист Сашо Гигов-Гиш, вокалистката Калина Велковска, гитаристот Предраг Икономовски, Кристијан Евго, кој свири на ут, Драган Стојковски на тамбура и Гоце Наумов на перкусии. Групата е карактеристична по тоа што сите членови се и вокалисти и заедно ги пејат песните.
Бендот е насочен кон култивирање на акустичниот звук, а во своето музичко истражување тие продуцираат нов тип на музички израз кај нас, во кој се испреплетуваат мело-поетските мотиви од европското музичко наследство, американската блуз-култура и од суфи-музиката, а сето тоа низ призмата на македонската вокална и инструментална традиција. Овој необичен микс претставува автентичен етно-глобален продукт во кој се вметнати песни на македонски, окситански, француски, англиски, турски и на други јазици.
Според членовите на групата, основната интегративна идеја е да се допре до суштината на трубадурската песна и до нејзината универзална порака – љубовта.

„La Colonie Volvox“ има богато концертно искуство, а меѓу другите настапи досега учествувале на фестивалите „EXIT“ и „InterZone“ во соседна Србија, на џез-фестивалот во Банско, Бугарија, како и на Венецијанското биенале и на фестивалот „Балкан анте портас“ во Белгија.
извор: Нова Македонија
La Colonie Volvox FB Fan Page
La Colonie Volvox Live in MKC Skopje, 2011
ЛОЗА за La Colonie Volvox

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *