Македонија

За национализмот


Бидејќи бројот на националните држави во раниот деветнаесетти век беше мал, очигледно прашање за истражувачките умови беше кои од европските популации можат да се класифицираат како “нации” на една или друга основа, ќе бараат држава (или некоја пониска форма на посебно политичко и административно признавање) и кои од бројните постојни држави ќе бидат обоени со карактер на “нација”.
Правото за самоодлучување на нациите беше применливо само за оние што беа прифатени како способни да опстанат: културно и секако економски, што и да значи способноста за самоопстанок.

Не ли е јазикот основното што еден народ го разликува од друг, нас од нив, вистинскиот човек од варварите кои не зборуваат некој вистински јазик туку се служат со некои неразбирливи гласови? Зарем секој читател на Библијата не знае за Вавилонската кула и како пријателот се разликува од непријателот? Зарем Грците себеси не се дефинираа прото-национално на овој начин наспроти остатокот од човештвото, “варварите”?
Во “потеоретски” услови, познатите седумдесет и два јазика на кои човечкото општество било поделено по вавилонската кула (барем според средновековните коментатори на Стариот Завет) опфаќале секој посебно по неколку nationes или племиња.

Што остана од стариот обединувачки и ослободувачки национализам? На една страна и за најголемиот број националности останаа неискупените малцинства надвор од границите на националната држава – како Унгарците во Романија и Словенците во Австрија; на друга, остана националната експанзија на таквите држави на сметка на странските или на домашните малцинства. Природно останаа и некои националности без држави како во источна така и во западна Европа, како на пример Македонците и Каталонците. Таму каде што пред 1914та карактеристичното национално движење беше насочено против државите или политичките агломерации видени како мултинационални и наднационални, како Хабзбуршката и Отоманската империја, по 1919 тој целосно во Европа беше усмерен против националните држави. Спрема тоа, скоро по дефиниција, тој беше поскоро сепаратистички одошто обединувачки, иако сепаратистичките аспирации можат да бидат ублажени со политички реализам, или одложени зад допирот на некоја друга земја.
Нациите и Национализмот по 1780
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *