Македонија

Свети Наум и ралото

 Затоа што мечката изела еден вол од Свети Наум, кај некои чуда од некој сиромав човек, од исполџија, Свети Наум ја спитомил и ја казнил да ора, да биде прегната в јарем со другиот вол до крајот на животот, а кај некои легенди до порастувањето на телето да може да го замени изе­дениот вол.
Чудата за мечката од поблиското подрачје до манастирот се поконкретни. Така, во овој тип се зборува дека двата вола со кои орал свети Наум биле близнаци донесени подарок и дека заору­вањето, првото прегнување, било свеченост за манастирот, па се кажува од каде се почнало со заорување, каде врвела и каде завр­шила првата бразда. На опфатениот имот со првата бразда на овој ѕевгар никогаш не паѓа град.
Само еден примерок на чудо, забележано од осумдесет­годишна жена од селото Радожда – Струшко, се вели дека мана­стирскиот вол го изел/удавил волк и по казна свети Наум волкот го прегнал в јарем да ора со другиот вол.
Едно друго чудо зборува за казнување на волк поради тоа што ги задавил двете кучиња што го чувале манастирот. Истиот тој волк дошол мирен и кроток, легнал крај манастирската капија тој да го варди манастирот наместо изедените кучиња. Волкот бил мирен, не реагирал на тепањето од манастарските луѓе и така го завршил животот. Кога дошол отсутниот игумен, ги карал мо­моците зашто го отепале волкот, велејќи им дека ѕверот дошол по наредба на свети Наум, дошол да се покае, па „затоа требало да се чува и да се негува за да биде жив доказ за силата на свети Наум “

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *