Превземено

Охридскиот чинар бил место за јавни егзекуции

Кај чинарот во Охрид се извршувани многу ужасни егзекуции и пред доаѓањето на османлиите и во текот на турското ропство, тврди познатиот македонски биоенергетичар Георги Филев, кој со група истомисленици преку парапсихолошки испитувања, хипноза и биоенергија се обидува да ги дознае тајните на стариот чинар и на поголемиот број обележја во Охрид.
Групата неодамна една недела интензивно медитирала околу чинарот и на Самуиловата тврдина, кај црквата “Свети Климент” и кај Античкиот театар со цел преку парапсихологијата и биоенергијата да откријат детали за нивниот настанок и за некои од настаните што се одвивале околу нив.
– Засега имаме одредени сознанија. Ова се само првични резултати на проектот почнат пред речиси една година, кој треба понатаму да се одвива уште во неколку фази. Деталите ќе ги соопштиме тогаш кога ќе провериме дали се вистински – вели Филев.
Еден од најголемите интереси на групата парапсихолози во Охрид е откривањето на староста и историјата на познатиот чинар. Преку парапсихолошки сеанси “хипноза, надополнета со зачудувачка човекова енергија” тие се обидуваат да навлезат во историјата до мигот кога изртел чинарот.
– Преку хипноза нашите медиуми се враќаат низ времето за да откријат детали за настаните што се одвивале таму, навлегуваат во историјата. Знаеме, на пример, дека многу ужасни егзекуции, колења, се извршувале кај чинарот. Турците ги собирале луѓето таму да гледаат за да им влеат страв. Затоа чинарот денес е заштитен и од државата и од божји сили, но и од луѓето што тука биле погубени, чиј енергетски живот завршил кај чинарот, бидејќи душите на луѓето уште долго остануваат на земјата – вели Ѓорги Филев, кој речиси две децении работи како биоенергетичар-исцелител.
Тој вели дека групата со која работи, а во која е и неговиот брат Митко, е отворена за соработка со сите што имаат желба да учествуваат во ваков проект.

Дневник  18 март 2006

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *