Македонија

Средбата на Филип и Олимпија

Можеби на совеста на Филип лежело некакво злосторство, а желбата да се ослободи од гревот го донела тука, но ако постоело такво тогаш би требале и да прочитаме за тоа.

Сепак, познато е дека постоел еден храм на Кабирите  во Теба, и можеби додека како младич престојувал во овој град, им дал ветување на овие мистериозни суштества, што сакал да го исполни. Или пак, во неговата природа постоела некаква мистична склоност која го терала да биде заведен, незнаејќи зошто, од магиите. Во секој случај со оваа негова посета била запечатена судбината на цивилизацијата, бидејќи тука ја сретнал жената, која станала негова сопруга, и мајка на Александар Македонски.
Плутарх, нашиот главен извор за ова дело, нè остава со впечаток дека не постоело ништо невообичаено во тоа што кралот заминал преку море за да биде воведен во мистериите на Кабирите и што се вљубил во убавата млада принцеза која исто така била преобратеник – Олимпијада. Потекнувала од Епир, чија што монархија припаѓала на племето Молоси, чија територија се граничела со југозападниот агол на доминионите на Филип.
Плутарх ни кажува дека жените од оваа земја им биле секогаш предани на оргиските обреди на Орфеј и Дионис и тие всушност биле општо познати како Бахантки или подобро како Мималонки, што значел диви жени во свитата на Дионис. Самата Олимпија била занесен учесник во овие луди свечени обреди; и бидејќи ваквите обреди биле секогаш поврзувани со вистинско или имагинарно сексуално уживање, се претпоставува дека таа била млада жена со необично огнена природа во оваа смисла. Се разбира, треба да се запомни дека овие оргии во тоа време не биле прилики за намерна неумереност, како што биле во римско време, и дека нивната бесрамност била традиционална, и на нив би требало да се гледа од аспект на нивната поврзаност со примитивното поклонување на природата…

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *