Македонија

1894 – групирање на сите Македонци

Нам на Македонците, положбата во овие последни години уште повеќе ни се влоши. Од една страна, најинтелигентното и најбогатото население од Македонија чувствително се губи под неподносливиот поредок и него го голтаат соседните ослободени земји, од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце не се слободни да ги обработуваат своите земјишта, ги напуштаат своите домови, остават се пусто и заминуваат во странство, од каде што најмалку половината век не се враќаат по своите куќи; од трета, многубројни убиства речиси секој ден таму се извршуваат од своеволните разбојници. Додека, и самата турска влада, со својата присторена трпеливост, им дава полна слобода на разни пропаганди, кои го разделуваат христијанското население и го развратуват било преку големи поткупи, било преку внесување на заблуда, иако самата влада многу добро ја познава народноста и верата на тоа несреќно население и е должна да го заштитува од осквернување на неговите чувства и обичаи. Ако турската влада ги имала присрце вистинските интереси и христијанското население, пропагандите немаше така лошо да не распокинат, како што не смеат да го распокинат турското население. Ако се додаде кон ова и заселувањето на избеганите Турци черкези-маџири од ослободените земји, од кои мнозина сега им се одмаздуваат на христијаните за несреќите што им ги донесе војната и постојано и неказнето ги заграбуваат нивјето и ливадите од рајата, сето тоа е еден доста јасен портрет кој ни ја покажува безизлезната положба на нашата мила татковина – Македонија. Таква е иста положбата и во Одринскиот вилает.Оваа ужасна положба на рајата во Турското царство најпосле го принудува секој малку поразбуден патриот да размислува и да направи можни усилби за да се апелира и кон своите браќа и кон потписниците на Берлинскиот договор и кон човекољубивите чувства на образованиот свет, за да се подобри оваа положба на намаченото христијанско население во Турско. Но нашиот долг кон татковината не се запира само до сувото апелирање. Ние треба да се нафатиме со една систематска борба и да објавиме војна против нашите тирани. Ние сме среќни дека, бидејќи го имаме за основа Берлинскиот договор, имаме на своја страна шест големи сили. Откако ќе се уверат дека при денешнава положба на работите во тие провинции од европска Турција не може да има спокојство, тие ќе го принудат Султанот најмалку да воведе реформи определени за тие наши места во член 23 од Берлинскиот договор. Според тоа, ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да дејствуваме.



превод на современ Македонски
Македониум, антологија на македонската национално-политичка мисла, Скопје 2003.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *