Македонија

Создавањето на Германенорден во 1912та

На почетокот од минатиот век, во Германија владеат антисемитски расположенија. Тоа е делумно поврзано со промената на економската ситуација. Зголемувањето на големите фабрики и претпријатија е закана за постоење на помалите приватни занаетчиски работилници. Нивното уништување е речиси предодредено.
Не се знае кој прв ги поврзува тие настани со заговорот на Евреите, но еднаш појавена, таа идеја веќе не слегува од страниците на весниците. Во поткрепа на општественото мислење, во парламентот се создадени две антисемитски партии. Но нивната дејност не го дава посакуваниот резултат бидејќи тие постојано спорат меѓу себе и на крајот, поминуваат под крилото на конзервативците.
Под влијание на идеите на Гвидо фон Лист и на неговите истомисленици, меѓу приврзаниците на националната преродба се појавува мислата дека единствениот начин за да му се спротивстават на глобалниот таен заговор е само преку создавањето на слична организација.
Таа организација е создадена во 1912 година и се вика „Германенорден“. Нејзини приврзаници се канцеларот на домот на кметовите и големците на градот Магдебург, Херман Пол, и пропаднатиот ситен производител Теодор Фрич. Тие се восхитуваат од церемонијалот на масонските ложи, но, како и многу други во тоа време, сметаат дека тие организации одамна се контролирани од непријателите. И за да се заштита од навлегувањето на тајните агенти, тие предлагаат замислата да се реализира во строга тајност.
Првата ложа на новиот ред го носи името на Водан и нејзиниот Голем мајстор станува Херман Пол. Со моќна поткрепа на периодичниот печат, за неколку месеци, идеите на движењето се распространуваат во цела Германија. Набрзо е разгласено послание од мајсторот во кое се нагласува избраноста на Германенорден и на неговите членови и се бара да се вложат сите напори за обнова на расната чистота. На етнички „нечисти“ нации им се објавува војна.
Како прва точка во правилата за однесување стои свесното и активно учество во преродбата на расната чистота и моралното извршување на сите Германци. За тоа се дава следново езотерично објаснување: во многу окултни системи, крајот на светот е поврзан со мешањето на расите и на кастите, затоа дејствијата на членовите на братството треба да го спречат тоа.
Ваквата идеја има сосема реални основи. Во Германија, во почетокот на векот, се раѓаат огромен број деца со генетски оштетувања. Специјалистите го изедуваат овој песимистички заклучок: ако брзината на процесот на деградација остане иста, околу 1980 година ќе се раѓаат повеќе од 50 проценти умствено и физички заостанати деца.
За основна задача на редот се смета борбата со Евреите, заради што се создава единствен центар за координирање на напорите на одделните групи и за собирање на антисемитски информации. Оваа цел овозможува наскоро од редот да се направи вистинска суперложа, во која влегуваат редот на Новиот храм, друштвото на Гвидо фон Лист и други слични структури.
Членовите на редот треба да се поддржуваат заемно во финансиите и во политиката. Освен тоа, тие се повикани да ги шират окултните нацистички списанија, какви што се тогаш популарните „Остра“, „Хамер“ и друго. Печатот се смета за едно од главните орудија во борбата против тајниот заговор.
Во Германија можат да влегуваат само лица со совршен изглед и со совршено потекло. Барањата од кандидатите се изложени во специјална анкета која дава информации за бојата на косата, на кожата, на очите, кои одговараат на традиционалниот изглед на Аријците. Се обраќа внимание и на расната припадност на сопругата или на сопругот.
При составувањето на ритуалниот дел, раководството води активни консултации со Карл Август Хелвиг, еден од високопоставените лица во „Арманеншафт“. Затоа, обредите на редовите се слични, но тоа никого не го збунува, туку напротив, се смета како позитивно. Хелвиг има тесни врски и со редот на Новите темплари, така што дел од информациите доаѓаат и оттаму.
Амблемот на организацијата, во голем дел, претставува повторување на симболиката на окултните редови во Германија. Тој преставува свастика поставена врз прав крст. Освен за украс на свечените сали, се користи и како заштитен симбол, претставен на прстени и на гривни.
Ритуалот за стапување во редот е синтеза од расистички и од масонски обреди. Пред неговото започнување, кандидатот треба да помине тест на „пластомер“ – специјален апарат за мерење на черепот, конструиран од берлинскиот лекар Роберт Биргер Вилинген.
Според неговиот творец, со помош на овој апарат може прецизно да се определи степенот на расна чистота. Само ако тестот е успешен, кандидатот се пушта во следната етапа.
Таа започнува со настапувањето на самракот, кога и последниот сончев зрак ќе се скрие зад хоризонтот. Неофитите се облекуваат во бели кошули (веројатно позајмени од темпларите), очите им ги преврзуваат – што треба да симболизира незнаење. Потоа треба извесно време да поминат во заедничка молитва.
Во центарот на главната свечена сала на ложата се става балдахин под кој застанува големиот мајстор на редот. Од двете страни го обезбедуваат двајца рицари во бели алишта, со шлемови и со извадени мечеви. Пред нив стојат секретар и гласник.
На спротивниот крај од влезот се наоѓа олтарот на кој стои светата чаша Грал. Околу неа, во полукруг, застануваат членовите на братството. Во нишата зад олтарот е оставено место за хорот, кој пее придружен од оргула.
Свечениот дел од ритуалот започнува со исполнување на „Хорот на пилигримите“ од операта на Вагнер „Танхојзер“. Веќе посветените извршуваат адети и прочистувачки гестови над новите под формата на свастиката. Потоа мајсторот им раскажува за целите на редот и дури потоа им дозволува да си ги одврзат очите.
Во присуство на неофитите, мајсторот извршува магични гестови со копјето на Водан, кое истовремено со тоа ја има и улогата на маѓоснички жезол. Рицарите ги вкрстуваат своите мечови над главите на новопосветените и им поставуваат прашања, на кои треба да добијат правилни одговори.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *