Имено, тоа “амле” карактеристично за градов, за жал, сè повеќе исчезнува или пак под дејството на “новиот светски поредок” толку мутира, што е невозможно да се види, или пак тоа што се гледа е само рефлексија на вистината што ја суплементира празнината пред која сите ние затечени се обидуваме да “ископаме” од себе некаква содржина и за миг да ја амортизираме бесмислата.