Коментари

Граници

     Бидејќи самата е безгранична, Љубовта има моќ да ги укинува сите граници меѓу световите.         

Убавината на животот, жарот што од смртта тлее на дното од срцето, како последица од падот во грев, останува затрупана со пепелта на секојдневната механика, извештеноста во техничкото преживување, и недстигот на вистинса невртка од која би произлегло барем ронка философичност. Вака, прашањето за судбината на Везув останува непоставено, без надеж дека лавата неочекувано ќе проработи. Да се допре сржта на оваа планета, да се гори барем еден ден во нејзината магма, да се истражува нејзината празна атмосфера, тоа се идеалите од кои се преполни корпите за рециклирање на излезот од детството. Луѓето на Лагата ја контролираат нивната содржина (на кантите) и особено внимаваат на запазување на границите, во која било сфера.
А тоа, дека не постојат граници, и дека само човекот е граница којашто тој, не гледајќи ја, потоа ја проектира на разни други места, спаѓа во легендата за криумчарењето. Некогаш одамна, човекот бил прокриумчарен во рајот, тоа чудно место на крајот од светот, од другата страна на виножитото. Таму било толку убаво, што тој почнал да заборава на себеси. И од таа заборавеност започнало да истекува времето, започнале да се создаваат низи, редици, множества, пресеци, унии, повторувања, сè до точката во која ќе речеме сега. А за тоа време, сите елементи на рајот и понатаму се овде. Единствено што на вратата од срцето стои ангел со меч во раката и од самата глетка човекот инстиктивно се плаши, и се одвраќа од намерата да влезе. Немањето храброст е секогаш единствената причина за нашата несреќа, кој било вид несреќа, почнувајќи од сообраќајна, завршувајќи со некоја тешка метафизичка.
Ако постои љубов на овој свет поголема од Христовата, тогаш најверојатно, сме го погрешиле светот. А ако сме го нашле патот до срцето и ако чудниот ангел на неговата врата го примил нашето покајание, тогаш сигурно ние не сме од овој свет.
На една таква крстосница, воскресението на Оној што го распнавме е единствената смисла на нашата вера, инаку нашето постоење би се свело на сопствената негација или на тотална лишеност од смисла.
Бидејќи самата е безгранична, Љубовта има моќ да ги укинува сите граници меѓу световите.
читај повеќе од сестра Макрина

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *