избор

Лемурија


Aтлантската раса следува по т.н. ЛЕМУРСКА раса. За време на нејзиниот развој се случиле настани од многу голема важност за земјата и луѓето. МЕМОРИЈАТА сè уште не била доволно развиена во оваа раса. Но луѓето можеле да имаат идеи за работите и настаните, овие иде не останувале во сеќавањето. Заради тоа тие сè уште немале јазик во вистинска смисла на зборот. Она што можеле да го изговараат биле некои природни звуци кои ги изразувале нивните чувства, удобности, радоста, болката, итн., но кои не означувале некои надворешни објекти.
Меѓутоа, нивните идеи имале сосема различна сила од оние кај подоцнежните луѓе. Преку оваа сила тие влијаеле врз својата околина. Другите луѓе, животните, растенијата, па дури и безживотните објекти можеле да го чувствуваат ова дејство и на нив можело да се влијае само со идеи. Така, Лемуријците можеле да комуницираат со своите другари без потребата од јазик. Ова комуницирање било еден вид читање на мислите. Лемуријанецот ја добивал силата за своите идеи директно од објектите кои го опкружувале. Таа му доаѓала на помош од енергијата за растење на растенијата и од животната сила на животните. На овој начин тој ги РАЗБИРАЛ растенијата и животните во нивната внатрешна активност во животот. Тој ги разбирал дури и физичките и хемиските сили на безживотните објекти. Кога нешто градел, тој не требал најпрво да ја пресметува границата на оптовареност на дрвото, тежината на каменот, тој можел да ВИДИ колку може да поднесе стеблото, каде би можел каменот да застане а каде не со оглед на неговата тежина. Така, Лемуријанецот градел без инженерско знаење, врз база на својата способност за иамгинација која дејствувала со сигурноста на еден вид инстинкт. Дури и повеќе од тоа, тој имал моќ врз своето сопствено тело. Кога требало тој можел да ја зголеми силата на својата рака со помош на едноставен самоволен напор. На пример, тој можел да подигне огромен товар користејќи ја само својата волја. Ако подоцна на Атлантиѓанецот му помагала неговата контрола врз животната сила, на Лемуријанецот му помагала неговата контрола врз волјата. Тој бил вистински Мајстор на сите полиња на пониските човечки активности.

Образованието на децата било насочено кон општата цел на Лемурија – развој на волјата, на способноста за имагинација. Момчињата ги зацврстувале на ригорозен начин. Тие морале да научат да ги поднесуваат опасностите, да ја совладуваат болката, да извршуваат смели дела. Поднесувањето топлина, дури и горењето со оган, биле сосема вообичаени постапки. Воспитувањето на девојките било поинакво. Иако и женското дете зајакнувало, сè било насочено кон развојот на нејзината силна имагинација. Биле изложувани на бури за да можат да ја почувствуваат нивната застрашувачка убавина. Затоа се развивани склоностите за сонување и фантазирање кај девојките и тие биле многу ценети. Бидејќи не постоела меморијата, ови склоности не можеле да дегенерираат. Овие предочувања на сонот траеле онолку колку што биле поттикнати од соодветната надворешна причина.
НЕ СЕ ГУБЕЛЕ ВО ДЛАБОЧИНИТЕ БЕЗ ДНО.

Рудолф Штајнер – Акаша Хроника 

од АКАША ХРОНИКА на Рудолф Штајнер

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *