Македонија

Розата од вода – Пан

Пан е ‘’грчко’’ паганско божество или бог на шумите? Зошто тогаш Чесите и Полјаците го употребуваат овој поим за Господин, односно Господ? Дури и на јазикот на племето Грци поимот Пан значи ‘’сè’’ односно севкупност, поим кој е транс

цедентален, холистички и очигледно свет. Како тогаш панот дегенерирал во шумски демон со тело на момче и нозе од коза? Овој пример најочигледно ни покажува дека асимилирајќи го ведското учење на Аријците/Словените, племето Грци потполно го паганизира и како такво го предава на Римјаните, а овие потоа го шират низ европа на најимбецилен можен начин, поради што имаме пагански култови, како оној на Алистер Кроули кај Англичаните, и исто така пагански одговор на овие ‘’вештичарења’’ од страна на црквата-ловот и палењето вештерки.

Nicolas Poussin – Триумфот на Пан


Но, да ја погледнеме содржината на зборот ‘’пан’’ на македонски. Тој е најблизок со зборот ‘’полн’’ , или ‘’пун’’ на дијалект, или ‘’п’н’’ со темен вокал. Гледаме дека освен што е идентичен, зборот има и своја содржина што го поврзува со поимот ‘’исполнетост ’’ со дух, односно во категоријата дивинизираност. Од каде тогаш нозете на коза и роговите што се симбол на демоните. Одговорот ќе го најдете во книгата на Елизабет Хејч, каде што таа ни посочува дека Богочовекот секогаш се раѓа во астролошкиот знак на Јарец (Христос е роден во знак на Јарец.)

Јарецот ја симболизира суперконцентрираната материјалност, односно човековата врзаност за земното/материјалното (нозете од коза) и неговата тенденција да се дивинизира (телото на момче), како и двете рогчиња што го симболизираат дуализмот да се надмине самата себе и да стане она што првобитно и била – светлина. Затоа поимот ‘’кристал’’, кој е ‘’проѕирна материја’’ или ‘’стврдната светлина’’, всушност значи ‘’Крист-ал’’ односно Христ-Бог (богочовек), односно завршен процес на дивинизација, можност како што низ кристалот што се генерираат боите на спектарот, така и низ богочовекот да се генерира овој свет.

Јарецот, пак што не се надминува себе ја симболизира во себе заробената материја (затворена автореференција) и како таков е симбол на паднатиот ангел.
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *