Низ времето јас носам
и плодност и грижи
и радост и слава.
И плодот и крстот на својата земја
јас го носам –
Тука се моите страдања:
И под камен и на небо
и во постела бела
иста вршидба на зрно крваво.
А за мене на олтар
пеат Вечност.
Јас сум свадба.
И сè што е пород
мој знак носи.
И колку повеќе се стемнува
мојата ѕвезда
сè повеќе е јасна.
_________________
Ѕвездознаец, МИСЛА 1989