Вечераат клучевите
суви и ѕвездени
Касај леб голтка вода
од разни времиња земаат
Патиштата се трошат
И вселената се троши
Клучеви и катанци
некои од дното морско
други од сфера поларна
на трпезата на југот
вечераат
Клучни места менуваат
Во чиниите –
храна и времиња.