Македонија

Птицата на Вара

Одбраа пат што можеби
Под снегот на зборовите беше
И од гласови се кинеше
Птицата
Од крикови
Што во лицата на луѓето
Фрлаше сенки неовдешни
 
Но Бог
Сè уште беше тука
Да рече
Вртете се во круг
И хука гласови да втече
Во некој што пламнат
Водата ја бара
 
И Вара
Во зборовите се внесе
И виде
како го рамнат брегот
Некои веќе одамна мртви
И ненаситни по рамнината
 
Мислеше на птицата
И мислеше можеби
Од лицата ќе се крене
Неовдешната тежина
 
Но веќе јато луѓе
Од Гавраните
Вртеа во круг
Во грешната помисла
Сонуваа
И не знаеја каде
Ги водат
 
Некои
Во рогови дуваа
Славејќи ги допирите
Што ‘ртеа
Меѓу неговите прсти
И нечии
Што во затворенотоо
Свое го носат
 
Можеби бели
Се праговите
За стапалата боси
Од потрага што идат
Можеби тешки снегови
Ќе натрупаат
И Вара можеби
Ќе ги најде зборовите
За затвореното
И од некое
Само на птицата дно
Ќе ја гледа
Како возлетува
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *