изборПревземеноФељтон за Кратово

Пророштвата на дедо Зафир од Шопско Рударе

Малкумина знаат дека на овие простори живеел еден човек со чудесни визии, со пророштва кои во голема мера се оствариле. Се работи за дедо Зафир, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години.
Пророштвата, вкупно 156, ги има собрано и запишано Стевче Доневски од Кратово

  1. Железни кола ќе летат на небото
  2. Волови ќе се исколат, рала ќе се изгорат
  3. Орли, чавки и соколи ќе измреат
  4. Дрва и жито ќе се продаваат у торба
  5. Срам ќе се изгубе
  6. Светот ќе се гледа на стакло
  7. Брат со брат ќе збори од еден крај на светот со друг крај на светот
  8. Македонија ќе се обедине
  9. Русокосо момче Македонец ќе изваде срце у леген и пак ќе га сошие у човек
  10. Народ ќе иде у град радосан да живее, а ќе се враќа у село и ќе вика „мое мило вратиче“
  11. Врата сама ќе ти се отвара кога ќе идеш да пазаруеш
  12. Ќе дојде време пари да имаш, а леб да не можеш да купеш
  13. Од воденици ни камен нема да остане
  14. Цоцев камен е шуплив откај реката и врата кога ќе се отвори, за Македонија ќе има доволно. Копачи нема да ја отворет, туку голема вода и ќе се открие што е оставил цар Македон
  15. Црквата светијованска во Коњу ќе биде прочуена, а моето име вечно ќе се спомнува
превземено од Аберџија

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *