Македонија

Македонија на Македонците

…Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. He верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности…
15 април 1891

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *