Македонија

Историјата на Македонија

Си бил Heкoj Новко од Дебар. Новко бил животописец, цртал светци на црквите. Новко еден ден тргнал од Дебар да ja бара историјата на Македонија. Toj дошол во еден манастир. Во манастирот имало владици, попој и калугери. Toj им рекол:
– Cлушајте вие владици и попој, ќе ми кажете кaj се најдува историјата на Македонија?
Во манастирот имало Heкoj стар поп. Попот му рекол:
– Добро, ќе ти кажиме. На филан место се најдува историјата на Македонија. На филан ден се отвара и се чита историјата. Три пати годишно се чита историјата.
Дошло време Новко да замини на пат во филан манастир. Новко патувал долго време. Стасал до филан манастир.
– Добар ден браќа непознати. Али се најдува во ова место историјата на Македонија?
– Чичко, npoчитaj на ова табла.
Новко читал на таблата. Е видел македонската историја заведена под еди кој си 6poj. Еден од луѓето шо е пазел македонската историја го прашал Новка:
– Чичко, али најде македонската историја? – Е најдов, внучко! – Ела во визба! Новко слегол во визбата. На Новка му рекле: – Чичко, еве ja историјата на Македонија. Таа е пишана на заечка кожа со орлово перо. Ако сакаш да читаш имаш право да читаш само три дена и три ноќи.
Новко купил три кила свеќи. Седнал во една собичка, запалил една свеќа, една запали, па друга, едноподруго за да не угасни пламенот. Новко три дена и три ноки само читал. Не можел да се начита. Ко се вратил на луѓето му раскажувал:
– А бре, браќа, дниве е читав историјата на Македонија. Сум читал и сум плачел за Македонија. Син татко ќе отепа, татко син ќе отепа. Така пишува во историјата. Кола ќе -оди без вoлoj и без коњ и, оган во џe6oj луѓето ќе носат. Нашата историјa e далековидна. Едно старо царство ќе е гази земјатa, ќе се меша времево. Само четири сили ќе знат шо ќе стани!
Македонски народни преданија, подготвил Танас Вражиновски Скопје 1986

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *