Вести

Прашања до кандидатите за советници и градоначалници во Општина Свети Николе

ПРАШАЊА ЗА КАНДИДАТИ ЗА СОВЕТНИЦИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Ги повикуваме буквално сите 105 кандидати за советници и 3цата кандидати за градоначалници да одговорат на прашањата, макар и преку нивните facebook профили.

Претставете се пред гласачите, кои сте, од каде потекнувате, со какво образование и работно искуство сте?

На кој начин се кандидиравте и зошто се кандидиравте?

Со што до сега сте помогнале на народот во Свети Николе и Овче Поле?

Што ќе направите во врска со невработеноста во Општината, дали имате конкретен план за инвестиции и нови работни места?

Дали имате стратегија за создавање на подобра работна клима за микро и малите бизниси во Општината?

На каков начин ќе се справите со еколошката катастрофа во Општината?

Ќе направите ли истражувања за причините за многуте болести во Општината?

Дали се залагате за референдум за „фабриката за обработка на отпад“  од 20 општини?

Со што ќе им помогнете на земјоделците и сточарите?

Како ќе ја подобрите работата на локалната самоуправа?

Што ќе им порачате на иселените и оние кои се на сезонска работа во странство?

Дали би се откажале од советничкиот паушал? За градоначалниците – дали би донирале дел од платата?

Зошто младите треба да ве гласаат токму вас?

Одговорите можете да ги испратете во писмена форма во коментар, преку објава на вашите фан страни на facebook и/или преку видео обраќање. Сите одговори транспарентно ќе бидат претставени пред читателите на нашата интернет страница.

OVCEPOLE.MK

Related posts
Вести

Продукција Аристон ексклузивно на Телевизија Сонце Илинден 2021

Вести

МАСЛЕНИЦА 2021 - прва книга за Свети Николе на руски јазик

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.