изборПревземено

Поларитет

Се што среќаваме во природата има свој поларитет.
Ако земеме еден лист хартија, листот хартија претставува една целина во однос на универзумот и има свој поларитет (+) или (-). Секоја страна од листот има засебен поларитет во однос на истиот, односно едната страна е (+), а другата (-). Горниот и долниот дел од листот исто така имаат свои поларитети во однос на истиот. Ако листот го исечеме на многу мали парчиња, повторно секое парче од истиот ќе има поларитет како и листот, сé додека постои нивната идентификација. Но, ако листот или парчињата од листот ги запалиме, во тој случај сме направиле деполаризација на материјата и веќе нема поларитет. Ова се однесува за секоја материја.
Човекот маж спрема природата има (+) поларитет, а жената (-) поларитет. Едната рака на човекот има (+) поларитет, а другата рака (-) поларитет. Прстите на раката се со свој поединечен поларитет и имаат (+) (-) (+) (-) почнувајќи од (+) со палецот завршувајќи со (+) на малото прсте.
Секое тело во природата според закон на универзумот се спојува (+) со (-). Така е и со брачните двојки и со сé друго.
Поларитетот најдобро се забележува кај магнетот. Ако едно парче (+) магнет сакаме да го споиме со друго парче магнет со (+) или (-) со (-), тие дури физички не ќе можеме да ги доближиме, додека (+) со (-) веднаш се привлекуваат.
И самите бранови, особено оние предизвикани од геопатогените извори, како што е случајот со подземните протечни води, имаат силен деполаризирачки ефект врз клетката. И брановите од електромагнетните полиња со послаб интензитет можат да бидат мошне сериозна закана за живиот свет од аспект на деполаризација. И воздухот го сочинуваат позитивни и негативни јони.
Универзумот со планетарниот систем функционира на принцип на поларитет.
Интересен е фактот добиен од истражувањата на терен. Ако еден бран од електромагнетно зрачење биде со поизразен (+) поларитет, во таа вертикала на зградата здравствени проблеми најчесто имаат припадничките на женскиот пол и обратно, ако бранот е со (-) поларитет сериозни заболувања се сретнуваат кај станарите од машкиот пол.
Кај старите кинези оваа енергија е позната како јинг и јанг.
 

извор

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *