избор

Штетни зрачења, геопатологија

Геопатолошките зрачења имаат големо влијание во нарушувањето на човековото здравје. Иако е 21 век, сепак немаме доволна свест и познавање за овој и те како голем проблем. Геопатологијата е наука која што се занимава со поврзаноста на географските фактори со карактеристиките на некои спрецифични болести.

Геопатолошките полиња претставуваат високофрекфентни зрачења со должина на бранот во рамките на дециметровиот диапазон. Тие имаат своја карактерна структура и се разликуваат според силата и начинот на зрачење. Геопатолошките полиња имаат влијание на различни делови од земјината површина. Размерите на овие зони со штетни зрачења и нивната форма се многу разнообразни.
Нашата планета е покриена со густа мрежа на геопатолошки зони, преки кои што Земјата прима енергија од Вселената или ја зрачи својата. Јазлите на Земјината енергетска мрежа се распоредени строго последователно: од северниот кон јужниот пол меѓу нив има 2,5 метарска дистанца, а од исток на запад растојанието е 2 метра.
Познати се природни геопатолошки зони, карактерни за подземните води и наоѓалиштата на различни видови руда и нафта. Постојат и вештачко создадени штетни мрежи, како резултат на канализации, водопроводи, метроа, рудници, итн.

продолжува

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *