изборПревземено

Писмата на исчезнатите цивилизации

Иако науката достигнува сè поголеми успеси, пронаоѓа начини за објаснување на животот и битисувањето, сепак има древни потсетници дека некогаш, некаде живееле цивилизации на потполно различна фрекфенција од денешната…

 
Линеарно А-писмо

 
 
 
 
Тоа е клучот за дешифрирање голем број натписи од минојската ера на антички Крит, но јазичните експерти едноставно не можат да го откријат јазикот на ова писмо и со тоа да утврдат што пишува на многубројните артефакти од тоа време. Се употребувало од 1900 до 1800 година пред нашата ера. Било официјално писмо на критскиот двор. Околу 1700 година п.н.е. влегува во употреба на целата територија на островот Крит до 1450 година, кога при природна катастрофа биле уништени вторите минојски дворци.
Од ова писмо досега се откриени околу 1.500 натписи со околу 7.500 знаци. До денешен ден не се знае на кој јазик се пишувани текстовите со минојските писма. Исто така, не е сигурно дали станува збор за едно или за две писма. Во секој случај, линеарното А-писмо е сведок за еден период од античкото време што допрва треба да ги открива своите тајни.
Рохонк-кодекс

 
 
 
 
На 448 страници се напишани од десно кон лево единствените симболи за кои никој не знае што значат и што ни соопштуваат, ниту од кога потекнуваат. Всушност, дилема е дали тие симболи воопшто претставуваат некакво писмо, но фактот што со нив нешто се запишало е доволен кодексот да се вброи меѓу една од пишаните тајни на светот. Непознат е и творецот на Рохонк-кодексот. Името го добил по градот во западна Унгарија во кој е пронајден (денес тоа е градот Рехниц во Австрија). Текстот е проучуван од голем број експерти, кои не можат да го дешифрираат. Некои научници сметаат дека станува збор за измама, но и да е така, измамата е врвна бидејќи моделите на текстот ги следат тие на автентичните јазици.
Кодексот денес се чува во Унгарската академија на науки, на која и е дониран во 1838 година.
 
Ронгоронго

 
 
 
 
Станува збор за натписи на дрвени плочи. Откриени се на Велигденските Острови и досега никој не открил што пишува и дали тие ознаки воопшто можат да се квалификуваат како писмо или е тоа независен систем што настанал самостојно во некои дамнешни времиња, со оглед на изолираноста на островите. Не е одредено ни времето кога таблите биле напишани. За една од нив е утврдено дека потекнува по 1680 година, но не можело да се утврди ништо попрецизно од тоа. Сепак, и да се утврди од кога потекнуваат таблите, тоа не значи дека може да се утврди и кога се напишани натписите.
 
Војниќевиот манuскрипт

 
 
 
 
Манускриптот на Војниќ го зазема врвното место на листата на непознати писма. Тоа е мистериозна илустрирана книга со непозната содржина, напишана од непознат автор и на непознат јазик пред околу 600 години.
Откриена е во 1914 година и ја проучувале врвни светски криптографи. За жал, никој не успеал да дешифрира ниту еден единствен збор од книгата.
Таа го добила називот по името на американскиот трговец со книги од полско-литванско потекло Вилфрид Војниќ, кој ја откупил од језуити во 1912 година. Пред тоа, последен пат книгата се споменува во 17 век, по што околу 200 години за неа не се знаело ништо. Сега книгата е во сопственост на Сеучилиштето во Јел. Таа има 272 страници. Текстот е пишуван со птичје перо од лево на десно, а авторот користел абецеда што имала 20-30 дистинктивни знакови. Се смета дека овој манискрипт може да биде врска со непозната цивилизација.
 
Винча-симболите

 
 
 
 
Дали Винча-симболите се најрана форма на пишување во светот? Некои археолози мислат така, додека други тврдат дека тие не претставуваат пишување воопшто. Сепак, преовладува мислењето дека е тоа некакво протописмо. Винча-симболите се напишани некаде меѓу 4500 и 4000 година пред нашата ера и повеќето научници сметаат дека се користеле за религиозни цели. Оттука и идејата дека нивна цел е да пренесат некаква порака. Откриени се во 1875 година во Унгарија.
Во почетокот на минатиот век до слични откритија се дошло кај Винча, во близината на Белград, од страна на српскиот научник Миливој Васиќ, па симболите се именувани како Винча-симболи. За нив се зборува и како за старо европско писмо, а симболите во секој случај претставуваат уште една тајна што допрва треба да се открива.
 
Индуско-харапан текст

 
 
 
 
 
Над 400 предмети ги носат на себе мистериозните индуски знаци што потекнуваат од 2600-1900 година п.н.е. Никој не знае што значат, што соопштуваат и на тој начин го чуваат кодот и на јазикот на кој се напишани. Секој натпис е краток, главно со пет знаци, поради што никој досега не успеал да ги дешифрира. Некои научници сметаат дека станува збор за знаци со кои е запишан протојазикот што денес се зборува во Индија, Пакистан, Шри Ланка, Бангладеш и во Малезија. Дали е навистина така? Засега нема одговор на ова прашање.
 
Протоеламитско писмо

 
 
 
 
 
Протоеламитското писмо е уште една од мистериите на бронзената доба. Зошто ова писмо се употребувало кратко време на огромна територија, а потоа едноставно исчезнало? Ова писмо се користело од некоја од најстарите цивилизациите, која живеела на просторот на денешен Иран, но само во период од 200 години. За денешните експерти речиси е невозможно да откријат што овие симболи кажуваат бидејќи се премногу апстрактни.
Демотско писмо

 
 
 
 
 
 
 
Демотското писмо е запишано на таканаречениот Камен од Розета откриен во 1799 година во местото Розета (на египетски Ел Рашид) во Египет. Денес се чува во Британскиот музеј во Лондон. Содржината на текстот испишана на каменот претставува декрет на фараонот Птоломеј Петти Епифан Евхаристос по повод првата годишнина од неговото крунисување во 196 г. п.н.е. Напишан е од група свештеници во Египет, во чест на египетскиот фараон и наведена е листа на сите работи што тој ги направил, а биле добри за свештениците и за народот на Египет. Во 1822 година францускиот научник Жан-Франсоа Шамполион, врз основа на старогрчкиот текст успеал да го дешифрира и текстот испишан со хиероглифското писмо. Средното писмо во тоа време останало недешифрирано.
Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов тврдат дека овој текст е напишан на антички македонски јазик. Двајцата тргнале од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот простор. Основа за таков пристап е што со Египет владеела династијата Птолемаиди (Македонци), така што древниот македонски бил и државен јазик на Египет на кој се пишувале сите државни документи.
Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Средниот текст е со вчудовидувачка сличност до идентичност со сегашните македонски говори и дијалекти, според приложените 167 збора. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои итн.
Со употреба на дефинираните правила за читање и озвучување, идентификувани се над 160 збора. Од сето ова произлегува тврдењето дека средниот текст е напишан на писмото и јазикот на тогашните господари на Египет – Античките Македонци. Според оваа теорија, средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и на староегипетски. Македонскиот текст не се совпаѓа буквално со другите два текста.
Без оглед дали содржат духовни тајни, скриени пораки или обични податоци од секојдневниот живот, низа антички текстови што денес експертите едноставно не можат да ги дешифрираат, можеби претставуваат клуч за разбирање на цивилизациите што одамна исчезнале од лицето на Земјата. Некои од писмата веројатно никогаш и нема да бидат дешифрирани и ќе претставуваат само потсетник на комплексноста на светската историја.
извор:Нова Македонија

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *