Македонија

Митот на крвта и земјата

Окултниот теоретичар на нацистичка Германија, Алфред Розенберг, во 1933 година го прогласува т.н. „мит на крвта“. Тој и припишува на таа супстанција света вредност и во неа гледа залог за мистичната сила на нацијата. Зборот на Розенберг е насочен против „мрачните луѓе на нашето време“, во кои влегуваат поголемиот дел од научниците, кои се носители на најпрогресивните идеи во тоа време.

Ваков однос постои и кај другите броеви што имаат однос кон светите текстови. Така, на пример, седумката – бројот на деновите за кои е создаден светот – се смета за мистичен број во доктрината на розенкројцерите, а во народните верувања е среќен број.
Но идејата за третото царство има значително позагадочна смисла. Да се потсетиме дека во времето на Иван Грозни во Русија се наметнува доктрината „Москва – трет Рим“ во која се вели дека првиот Рим паѓа поради сопствените гревови, вториот Рим (се мисли на Константинопол, кој е престолнина на православното христијанство) е разорен од многубожечките Турци, а третиот, последната крепост на вистинската вера, ќе постои вечно и дека нема да има четврт. Основата на ова учење е истиот извор кој ја поддржува и верата во исклучителноста на Третиот рајх. Колку и да звучи необично – тој извор е Библијата.
Поточно, еден од нејзините најтаинствени делови – Откровението на Јован Богослов или апокалипсата. Во таа книга која опишува мистични визии за крајот на светот и за борбата меѓу Бог и ѓаволот ги има овие редови:
„Го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време“.
Тие настани отвораат нова епоха на процут, која треба да трае илјада години, т.е. времето за кое е заклучен антихристот. Според апокалипсата, таа епоха се совпаѓа со владеењето на Светиот Дух, кое настанува по владеењето на Таткото и на Синот. Тоа треба да биде време на среќа и на мир на Земјата, кога ќе се прави добро, а злото конечно ќе исчезне. А изборот на титулата фирер за Хитлер, која се преведува како водач и се совпаѓа со поимот месија, треба дополнително да ја потцрта таа смисла.
По иронија на судбината, се случува обратното. Третиот рајх станува најкрвавото и најужасното царство што човекот го познава. Но во почетокот на неговото постоење многу луѓе веруваат дека на Хитлер му е судено да стане месија и да крене една нова велика империја. За жал, за таа грешка мора да се плати огромна цена.
Една од најпопуларните пароли прогласена од фирерот во мугрите на неговото стапување на власт е нашироко позната, која во превод значи „крв и земја“. Тие два збора стануваат девиза за целата земја, кратка формула во која е заклучен како во магичен кристал принципот на развој на империјата. Да се обидеме да ја откриеме смислата на тие зборови, па можеби ќе ја разбереме моќта на нивното влијание врз човечката свест.
Симболиката на крвта е многу богата и нејзините корења ги откриваме во далечното минато на човештвото. Речиси секој може да се досети дека во најопштата смисла таа се сфаќа како живот. Но за префинетото езотерично сфаќање, смислата на тој знак е многу поразновидна.
Ако ја вброиме во природните елементи, крвта без сомнение им припаѓа на течностите. Но таа не се поврзува само со водата, туку и со оганот, комбинирајќи во себе два спротивни принципа. Токму тоа ги определува нејзините специфични особини: служи како проводник на топлината и во исто време не и дозволува на енергијата да излезе од контрола.
Уште старите Грци во своите митови ја одразуваат мислата дека на оној свет душите губат дел од своите способности, поради причина што стануваат бестелесни. Откако се спушта во подземното царство, во адот, Одисеј е принуден да го заколе овенот што го носи со себе, за да можат мртвите да се напијат и да си го повратат сеќавањето на моќта за зборување. Следствено, крвта не е поврзана само со животот, туку и со сеќавањето.
Имајќи го предвид овој факт можеме да си го објасниме обидот за обновување на чистотата на расата со увереноста дека во случај на успех ќе се врати и родовското сеќавање на Аријците. А тоа значи премногу за германското раководство. Најнапред доказ за сите идеи за надмоќ, а исто така и враќање кон културата на високите рицарски идеали, кои во тоа време се сосема заборавени.
Освен тоа, како што ќе видиме подоцна, нацистите сметаат дека мешањето на крвта на благородните и на пониските раси е резултат од прецизно планирана акција. За нејзина главна цел се смета покопувањето на мистичната моќ на Аријците, која им обезбедува господство.
Избрзувајќи малку, ќе кажеме дека зад сите дејствија на противникот, Хитлер ја гледа раката на тајна организација, некаков „светски еврејски заговор“. Таа сила дејствува преку наметнување идеи, штетни за умните настроенија на луѓето. Според него, примери за таквата пропаганда се демократијата и комунизмот.
Во употреба влегуваат и клетви, итро преплетени во паролите кои тајно ја изопачуваат „вистинската положба на работите“. Затоа, основа на магичниот одговор на Третиот рајх станува обновата на расната чистота, која ќе го направи човекот недостапен за упорните убедувања на непријателот.
Ќе им дадеме повод за размисла и на скептиците, кои ги негираат окултните корени на нацизмот. Како и да е, технологијата дејствува: луѓето кои слепо веруваат во неа, не паѓаат под влијанието на други идеи и претпочитаат фанатично да умрат, наместо да се откажат од неа. А со какви методи се врши таквото влијание врз свеста – директно преку мистичниот „глас на крвта“ или на некој друг начин – засега можеме само да нагаѓаме.
На официјално ниво, еден од окултните теоретичари на нацистичка Германија, Алфред Розенберг, во 1933 година го прогласува т.н. „мит на крвта“. Тој и припишува на таа супстанција света вредност и во неа гледа залог за мистичната сила на нацијата. Тој се искажува и против обредите и против таинствата на католичката вера, кои, според неговото мислење, се заблуди и претставуваат обиди за поткопување на моќниот ариевски дух.
Зборот на Розенберг е насочен против „мрачните луѓе на нашето време“, во кои влегуваат поголемиот дел од научниците кои се носители на најпрогресивните идеи во тоа време. Честа за создавање на современата наука им припаѓа, се разбира, на Аријците, со нивната сончева творечка енергија.
Во својство на таква наука, на преден план избива евгениката. Во основата на тоа учење лежи идејата дека квалитетите на човекот можат да се усовршуваат со вештачки избор на најдобрите претставници на „породот“ и со нивно понатамошно „вкрстување“. Сите оние што не ги поседуваат нужните квалитети (а тоа се околу 75 проценти од луѓето), подлежат на уништување.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *