Македонија

Еден поглед што открива

Истакнатиот општественик, научник, академик и писател, Никола Кљусев, Македонија ќе го памети по трајните научни и уметнички траги што ги остави во делата од своето творештво. Покрај својот политички ангажман, големите заслуги на економски план, академик Кљусев беше и автор на бројни дела од областа на науката и историјата, но и на неколку дела од областа на литературата. Станува збор за следниве наслови поезија: „Антитеза“, издание на „Македонска книга“, објавена во 1994 година „Камен остров“, издание на „Матица македонска“, објавена во 1994 година, „Силата на зборот“, издание на „Македонска книга“, објавена во 1994 година, „Ода на зборот“, издание на „Матица македонска“, објавена во 1994 година, „Неизртено семе“, издание на „Матица македонска“, објавена во 1996 година, „Речник на срцето“, издание на „НАМ“, објавена во 2001 година, есеите: „Погледи и промени“, издание на „Матица македонска“, објавена во 1994 година, „Верба и измама“, издание на „Матица македонска“, објавена во 1997 година„Бессони ноќи“, издание на „Матица македонска“, објавена во 1998 година и „Видување“, издание на „Матица македонска“, објавена во 2000 година и романот „Ленман“, издание на „НАМ“, објавен во 2003 година.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *