Македонија

Револуцијата на пролет

– од Неколку зборои за македонцкијот литературен јазик

На тоа јас можам да одгоорам само ово: по мојето мислејн’е, сегашните т. е. мјурштегцките реформи сет максимум, шчо можа ла ископчит од Европа револуцијата.  Револуцијата на пролет ке бидит нај глупаото, шчо можиме није да напраиме. Со револуцијата на пролет ке се користат само нашите непријатели, који си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси. Револуцијата на пролет само ке ни унишчит совршено нac и ке унишчит плодоите, добијени од неја до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него u Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не пo наши есапи, а по есапите на некоја Голема Сила и некоји мали балканцки држаји, који ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; нај после, оти није, ако против сите аргументи на здравијот смисл пак подигниме востаајн’е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег’у реформаторцките држаи и некоја трек’а, која борба ке се свршит само со нашето понишчуајн’е. За тоa није, требит, да ce откажиме од секоја мисла за револуцијa на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф јет врзана честта на две Големи Сили, који сет во стајн’е да постаат се на својето – и да се зафатиме за ноа т. е. култyрна борба, во која прво место, ке требит да зимат прашајн’ето за нашата народност и нашето национално-религиознo развијајн`е.

Значит, истом сега му јет времето да се мислит за јазико наш, нашата национална литература и воспитаајн’е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со национално-религиозни прашајн`а.
Тој интерес малу јет задоцнел, но од тоа ушче не следуат, да он си немат сега место мег’у нас и да можит да ни напакостит.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *